погани (несв.)

Молкнаа усти погани, стариот Белич занема над книги празни, глупави за јазик и наречја.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
— Јас, рече, не а сакам наа роспиа за Крстета, да ми а погани она мене брадата, а јас да дрема. Тоа не може да биде дури су жив.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ке се бориме дури сме живи и не пуштаме да ни ја поганат светата земја и вера. – А не се плашите дека ќе ве надвладеат?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кој е тој што ги гази моите свети закони и го погани светото пророково име.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога се исправи и кога зачекори имаше собран, речиси смрзнат поглед, студен како оние погани, несити острици на бичкијата. Имаше бавни чкрткави движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секој втор човек води куче, кое има право да ги погани улиците каде што ќе му се присака.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А многу си ја поганеа устата Србите, многу пцуеја. И за арно и за лошо пцуеја. Не знаеш кај да ги најдеш. Дури ги научивме, само се тепавме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На почетокот им ставаше крст, на кој со мастилав молив ги пишуваше имињата и презимињата на починатите, но откако еден од оние од џипот му се изнавреска пред луѓето дека е контра и дека со крстот го погани црвеното знаме на револуцијата, Пандо гробарот, така го викаат и само така го познаваат луѓето, си го скри изгризеното моливче, што го имаше украдено од офицерската чанта оставена во џипот, се затвори во себе и само кога го поздравуваат, одговара: копам, закопувам...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Црквата беше оградена, добитокот шеташе низ гробиштата, ги поганеше гробовите, ги уништуваше дрвцињата, цвеќињата. Дрвената ограда беше распадната, изгниена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А за тоа, за да бидат српските војници толку погани со жителите на Потковицата, имаа посебни и нерасчитени сметки уште од времето кога српските четници, оние на војводите Јован Бабунски и на Вангела Скопјанчето токму овдека, во Потковицата, беа претепани и понижени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Карванџиите ги убиваа, водата ја испуштаа од мешините, храната ја поганеа, коњите и оружјето ги пленеа, а војската, иако горе, на Чауле, гладна и жедна, не смееше да се симне долу, во полето, и да ги ограбува чифлизите; нивните стопани, Турци, имаа власт и над војската.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се покажува едно препогането војниче, препесено, што се вели, се поткачува на еден камен и се надава вака напред.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги поганеше... - Луѓе, свестете се што правите... - викаа други селани, тргајќи го Нестора од оние што го влечкаа кон варницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
-Па ти си жив! Гаду! - завреска тој. -Ти поганиш, значи, жив си!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Мрш, пцишта погани“, викнав одозгора. Тие не се помрднаа од местото, токму како пци кои ти го зеле стравот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ѕвездите мои трчаат по мене во темнината Тие безочни дрски бесрамни животинки Што се умилкуваат додека Касаат и додека поганат наоколу Вреват: ние сме гласници на мајките и на татковците Врескаат: ние сме црешови цветови Од градината на твоите мртви сестри Клај нѐ на јазикот ако не веруваш Пробај ја нашата треперлива белина ако не веруваш И лудо се смеат ѕвездите мои Што трчаат по мене во темнината И кинат кинат од моите меса Од мојот здив од мојата возбуда „Како ме пронаоѓаат?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Јавете се бре погани, им викав, а тие молчеа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Без поп беше погребот. Попот што го имавме, комунистите го избричија. Погани беа тие и погани работи правеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе