погреши св.

погреши (св.)

Ќе погреши оној што ќе направи таков заклучок.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По година две, деца ќе дојдат. Тие уште повеќе ќе го врзат за семејството… И ете ти домаќин човек! Да, не погрешив
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Таа се заврте да си ја земе гумата, оти погреши цела реченица, и сама се опули кон Крстата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Погрешија тие пезевенци, не разбраа работава, — просто почна да се правда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакам да ги прашам зошто ми се лутат, што сум им погрешила. А тие - ни црна, ни бела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прости ми, ако ти погрешив, му велам и ги оставам медалите во долапот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мајката, значи мора да имам нешто згрешено во правењето, вели татко, мора да сум погрешил нешто во правењето, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Не би можел да погрешам ноќва.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Веројатно не би погрешиле ако импровизирањето на фуга во шест гласа го споредиме со шаховска симултанка со шеесет противника, под услов да се извојува победа во сите шеесет партии.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пардон... велам. Навистина, погрешив. Не сфатив кому што му треба.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас му реков дека мојата трговија и мојата работа е поврзана со сите, и со рајата и со Турци, спрема сите, сакал нејќел, сум погрешил, та на овој начин сакам да ми се простат гревовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Си погрешил. Никогаш не сум патувала со брод. - Од таму се знаеме.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Но, мораш да признаеш, некои ти беа само бројки, а јас, ти се колнам во бога и во сѐ што ми е најмило на овој свет, погрешив само еднаш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа, која истиот тој Господ го молеше за живот, сега го моли да ѝ дарува сила и ум за да не го погреши патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прости, не погрешив, тоа беше и моја желба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја погреши страната?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го погреши патот?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па дури и не морате да погрешите. Доволно е некоја вошка, гнида, болва кодошка да ве накодоши...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)