погуби (св.)

Само енергичната борба со тие три држави ќе ја избави од погубување нашата татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас да сум на местото од кадијата прво живи ќе ги одерам, после ќе ги печам, ја одобри Јунус-бег свирепата постапка, жалејќи се во себе што не се сети да му предложи на кадијата прво да ги одере, па после да ги пече, бидејќи тој му предложи да ги погуби на клада.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие да се фатат или погубат, верувам ќе се смири рајата од тој крај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тие така беа воспитувани: колку повеќе неверници ќе погуби Турчин, толку поубаво место ќе добие од Мухамеда во рајот. Секој си одеше со својата сметка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Преблаги господе не оставај нѐ никогаш сами за да не дојде непријателот на нашето спасение и да нѐ погуби.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Пред да биде погубен Арслан бег со дружината, додека акаше низ полето за да го дофати Владимира Акиноски, во време жетва, беше наумил да ја грабне за брата си Салија најпрвата убавица во Потковица, Руса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа лето, по погубувањето на Арслан бега и дружината негова во Чепиговски Мртвици,Турците за прв и последен пат зедоа војници од христијаните во Потковицата. На тоа ги натера нуждата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Арслан бег и брат му Сали бездруго сето тоа ќе го протолкуваа така како што единствено може да се протолкува, дека е извршено за нивни инает, па постои опасност и двајцата да ги погубат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дедо Геро преку своите луѓе во Костурско дознал дека андарите се готват да дојдат во нашето село да го погубат попот и на селото да му се одмаздат зашто не сака грчки поп.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Веруваше дека тројца луѓе, тројца некогашни членови на Партијата, по име Џонс, Аронсон и Радерфорд, луѓе кои беа погубени поради предавство и саботажа откако признаа сѐ - не се виновни за злосторствата за кои беа обвинети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беа погубени, а нивната судбина беше забележана во партиските истории, како предупредување за потомство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше невозможно, и покрај бескрајните апсења и признанија и погубувања, да се биде сигурен дека Братството не е само легенда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога излегол, со записот в рака, се насмевнал и рекол: „Ете. Ништо погубно не се случи, оти јас само препишав слово отровно, а не го толмачев, и затоа отровот не влезе во мене и не ме погуби.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Министерот на дворецот, Хаман, издава наредба да се погубат сите Евреи во Персија, зашто не им се поклонуваат на персиските богови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Денот на погубувањето Хаман го одедува со жреб.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сетив на нејзините зборови со кои ми ги опишуваше погубувањата во другите логори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Време е рамнодушноста да се погуби хиените и змиите да се сотрат во луѓето честа да се разбуди злокобните да одат во неповрат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)