податлив прид.

податлив (прид.)

Доцна е да молам да ми простиш. Минував пребрзо и ја одминував твојата податливост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А таа не се оттргнува од него и во длабочините на нејзините зеници наѕирнува занесена податливост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа беа очи на рис, но премногу питомо-чувствени, способни да го покорат срцето со онаа податливост во која жената ја познава својата заљубеност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мелодијата беше токму онаква каква ми требаше – мека,податлива, топла како голтките црно вино што ми се сливаа долж телото, како кожата на жената.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Стоеше долу, блескаво податлив.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тогаш, татко ми ме здогледува, како зад грбот на онаа чија податливост ме опиваше крај базенот, вџашено ѕурам во него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Двособниот стан се преобразува во терми, заситени од тешка пареа, и од таа надразнувачка атмосфера, изнуркува јадрото, испотено тело на госпа Елвира, со сочни, податливи дојки што ни најшироката дланка не може да ги опфати и со моќни колкови, под кои пукаат и најсолидните гаќички.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Податливоста на кириличниот систем на писмо за промени, графичката едноставност и елеганција го прават мошне погодно за бележење на текст и негов пренос во време и простор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Девојкине што си го замислувале како многу податлив и лесен тој премин од злото кон доброто не можеле а да не си ги исмеваат една на друга желбите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ме исплаши“, рече прибирајќи си ги нозете една кон друга и загрнувајќи ги со полите од бањарката, подисправајќи се на тоалетното столче од што задникот пред моите очи како да ѝ заигра, предизвикувачки, како да ѝ се смали и да ѝ стана поподатлив за моите веќе полакомени дланки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во секој случај, сопственикот на авторот му се виде како човек податлив за разговор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Средбава во вагонот, а потоа и моето присуство веројатно ѝ се чинеле и премногу податлива околност за излевање на некоја нејасна завист а можеби и на горчина во која не бев упатен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)