подгрупа ж.

подгрупа (ж.)

Јас жените, и воопшто, женските суштества, било да се млади или стари, ги делам на две групи и една подгрупа: Првите се цврсти жени.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Шарено. Торонто има најмногу народи, народности, верски групи, подгрупи, множества и комјунитија од сите градови на светот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Најпрво, со цел постигнување воедначен пристап при интервјуата кои допрва следуваа, беше направен интерен работен прашалник којшто, главно, опфаќа две групи прашања (демографски податоци за работникот и правни податоци за спорот) – кои, пак, понатаму беа класифицирани на неколку подгрупи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гледани заедно, во комбинација или во разни комбинации, конкретните жанрови на говор и на интеракција помагаат секоја заедница, секоја подгрупа во неа и секоја култура да се обдари со сопствена особеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)