подмрдне св.

подмрдне (св.)

Со врвот од прстот тој крена едно распознатливо зрнце од белузлав прав и го стави на аголот од корицата, каде што мораше да биде истресено ако тетратката биде подмрдната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Аман, ќерко златна, зашто ни оган не го гори тоа што можеш да го запалиш ти, со таа твоја убавина што Тој златен ти ја има дадено, и затоа само јас самата си знаев како се дочував, ни копче на градите да не ми се откопча, зашто дури и ветре што лист на гранка не подмрднува процеп можеше да ми најде на голо да ме заскокотка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Убаво се виде како подголтнаа и како им се подмрдна јаболкницата под гушата. Првин нагоре, па надолу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)