подоцна прил.

подоцна (прил.)

Подоцна - судбина била! -на истата земја, во црвени порои темни крв да се пролее — сила.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
67. Д-р Стојан Данев (1858-1949) е истакнат бугарски државник и универзитетски професор, русофил, кој во периодот од 21.12.1901 до 5.5.1903 год. (како и подоцна) беше министер-претседател на Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
53. Овој термин за старословенскиот јазик го наоѓаме и подоцна во речникот на Мисирков ["Македонски голос, (Македонски глас)", II, 10, Петроград, 13.8 1914, 14].
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
116. Хрватот Ватрослав Јагиќ (1838-1923) му беше исто така професор во Русија, на кого и подоцна му испраќа свои сепарати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаеш, чорбаџике, тогаш како ни заповеда: „Тури на ум, глупава Анастасијо, ако ме разбудиш уште еднаш порано или подоцна отколку што сум рекол, бегај од мојава куќа и повеќе да не се вратиш!“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Се фатила баба на оро, ќе игра. (Несигурно игра и подоцна Петрија му дава да го води, орото.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Туку немај гајле, ќе викнам некоја жена од комшииве и подоцна ќе појдам.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Стани си утре порано дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси навечер тага донеси - ај, пусти да е, пуст да би останал живот кучешки!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Подоцна се појавува на балконот Ристаќи во антерија и тука се рашетува, тука се накрепува на вратата или балконот занесен во мисли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Оваа вечер, подоцна, ќе ти тропнам со камче на пенџерето, или ќе ти свирнам, да знаеш оти сум јас да слезеш. Со мил поздрав твој Илија“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Подоцна кршење на портата и влегување на Арнаутите во дворот на чело со Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во неделата се одвикнував од училишните часови, еден ден подоцна, требаше да почне она истото - сè до саботата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сериозноста на неговата закана ја узнав подоцна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но таа граница ја узнав многу подоцна...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само пусти кркми и цулувци нема, ами завратени косите и начешлана со јажиња по грбот, а челото „златна сестричко, како теле кога а лизнало", — велеа подоцна витолишките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓу овие прозорци, над самото огниште во ѕидот, има „мазгалка" (едно малечко камарче) во кое стоеле во старо време огнилото, тратта, кременот и неколку страка борина, та кога ќе си дојде домаќинката подоцна да знае каде ѝ е „виделото".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но грнето го допушувал за недела порано или подоцна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дури еднаш подоцна, ни самиот не знам како, ја чув и песната што во Брезница се пее за Луман арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе