подруго прил.

подруго (прил.)

Глигор јасно ја претчувствуваше неговата желба да биде забележан и признаен за нешто повеќе и подруго.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Подруго е да ги стрижеа твоите овчји грижи - секому дај и пак тебе животта да ти е полна...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
И кога Толе му рече дека отепал Турчин, тој се насмеа и му рече на Толета кога ќе го извадат од ќелијата и кога ќе излева во дворот со другите затворници, да се накашлува трипати по три едно подруго за да можат да се запознаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Подруго ќе беше да имаше татко, вели, кој не помина, тој не зеде, вели, ко гасеници нѐ опасија, ама најлесно е гладен човек да најадеш, вели, и само се шутка, оптрчува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да беше Цветан Дримски член на Партијата сè ќе беше подруго. Ќе беа пријатели.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Очите подруго ми гледаа, ушите поинаку ми слушаа, во мене со друг ред и со друга силина влегуваа зборовите и со друг ред се пластеа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И пците едно подруго пцовисаа, а овците без ред џенем фатија. Не се вратија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со две плати, ќе биде подруго. Барем ќе си ги нахраниме децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овде е малце подруго. На каналиве што ги гледам нема баш некои вести.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дома за Циљка пред сѐ беа баба и дедо и помалите сестрички и братчето, кон кои беше така приврзана, како водата кон брегот и како птиците кон небото, а кои, ете, скоро година дена ги нема видено; дома беше и огништето, кое најмногу го сакаше тогаш, кога надвор врнеше снег со големи партали или кога завиваше северњакот зад прозорецот, а во спузата се печеа костени и компири и во поллуосветлената одаја единствено се спушаше прскањето на искрите и тивкиот глас на дедо кој им раскажуваше приказни и тие, внучињата загледани во него, едно подруго заспиваа со убавите самовили и со лошите змејови под клепките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)