поздравен прид.
поздрави св.

поздравен (прид.)

Селанецот, претседателот на советот, одржа краток поздравен говор за добродошлица на попчето и му даде збор на граѓанецот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе одберат некое помазно парче момирок и ќе напишат: ,Бидете здрави и поздравени". ,Чувајте се за нас, ние копнееме за вас". ,Ве мислиме како свои жени". ,Ако ве среќаваме на сон, зошто да не ве сретнеме и на јаве".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги поздравив поздравно продавачките кои продаваа продавање, празните сали за проекции, полните пивници, го поздравив пијаниот кој пелтечи со педалите, полицаецот беспрекорен, патецот мој примерен.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во поздравниот говор Едвард Кардељ ги изнел рамките во кои било можно опстојувањето на македонската државност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Имено, познатиот сликар, писател, поет, волноумец, во поздравната реч до сите присутни на неговата промоција, истакна дека во животот поаѓал од девизата на Че Гевара - Да се живее реално, а да се бара невозможното.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)