познајник м.

познајник (м.)

Али нему ја не можех душа да му дадам, станах, каних два-три попа, збраха сја роднини, дојдоха и познајници, врстници- момчета, кренаха го на носила, носат го на рамо; и на гробиштата тамо поп молитва пеја, па го од носила зеха, пуштиха го в гробот...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
„Ви нарачаа. Еден ваш познајник. Машинист.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Публиката заспива, му рекол атлетот, тој полудел и му се подал на својот познајник лав.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Месечината беше пред мена и, во својата последна полноглавост за тие летни мигови, го исчекуваше својот необичен познајник за весела игра од која собата мирисаше на пресно ископан гроб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само за миг погледнувајќи крај себе виде одамнешна познаница чија слика некогаш ја чувал в џеб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Растргнат од многубројните неуспешни обиди да направи слика, сликарот сега првпат осети нејасна радост од средбата со онаа непозната мома, која секое утро поминуваше со својот сад, му пожелуваше добро утро како на стар познајник и си одеше пак нагоре тихо, незабележано...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во салата полна со запотени тела, Глигор и Етхем-паша се гледаа какао стари познајници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ што знае тоа се неговите познајници од маалото, чаршијата и селаните пазарџии кои доаѓаат во пазарните денови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ѝ пратив збор по еден мој познајник и таа дојде во шумата каде што се одмораше нашиот одред.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тој човек што може да го носи името на кој и да било наш познајник можеби знае уште една тајна: Рубина Фаин под се почесто повторниот знак Post scriptum го пишува и потаму своето писмо до Едвард Жорес за судбината на малите земји и за луѓето во нив, оние луѓе на кои исто колку и на големите им припаѓа земјата и источниот изгрев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се сетив на писателот и издавач Аднан Дагларбеј, познајник со кого сум се среќавал повеќепати по светските собири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вие како да станавте нивни пријател, одамнешен познајник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На Катерина ѝ реков дека во слаткарницата дознав за смртта на еден мој познајник. (Забележувате: не го употребив зборот пријател).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев загледан во нејзиниот палец кога ме запраша, без да го крене погледот, дали мојот познајник имал име и презиме. - Денко Самоников - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додека со шашливиот поглед си тука меѓу познајниците, а со третиот крајник пак тука, но меѓу мислите, друштвото се крева и се растура, сопственикот ја расчистува масата, бифето се затвора во одамна затемнетиот театар и ти остануваш сам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За да испровоцира разговор покрај чашка, пред писателите тврдеше дека Достоевски би завршил во лудница да не пишувал како лудак, пред драматичарите тврдеше дека Шекспир би бил убиец ако не ги напишел своите трагедии; а во секој сретнат познајник, на маса, меѓу чаши, гледаше свој можен, ако не иден пациент - што итроманите приближно колку него му го припишуваа како професионална деформација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наскоро на некои служби и канцеларии, дел исто така на наши комшии и познајници, почнаа да се јавуваа натписите: „Забрането за Евреи, Власи и кучиња”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беа тоа наши комшии, наши познајници, муштерии во книжарницата на татко ми, кој веќе не сакаше да оди в дуќан и сосем се повлече во себе, па и онака не многу разговорлив, дозамолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе