поим (м.)

95. Значајно е што и Мисирков меѓу највидните македонски револуционери, и тоа „сепаратисти“ (со смислата што му се даваше на овој поим во тоа време), на прво место го поставува Гоцета Делчев, независно од тоа што овој не стигна да се изрази и јавно како „национален сепаратист“.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, некаква македонска словенска национална преродба е просто празна работа на неколку фантазери, 127 коишто притоа немаат никаков поим за јужнословенската историја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се разбира, Мисирков овде нема цел да го проследува тој процес и да го анализира тој поим.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
— Како саморазвивање на самите поими, како логичко раздвојување на единственото, како повторно воспоставување на неговите спротивни страни, појави, особености, итн. — но не како воспоставување на старото единство, туку како нешто ново и на повисок степен подигнато.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Требаше Хегел да ја „одухотвори“ материјата, нејзиното движење да го прикаже како движење на логичките категории, па да се дојде до поимот раѓање и настанување на стварите една од друга, и секое движење да се сфати како самодвижење, настанување, живот, како слевање на спротивностите.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Според Хегел, една категорија, една идеја, еден поим никогаш не е само тоа што е, никојпат не е само рамна на себеси.
„Значењето на Хегеловата филозофија.“ од Кочо Рацин (1939)
Како поим на живот и смрт, како име, како соговорник во неговата осаменост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Претставниците на современата медицина одамна во своите храмови не сретнале девојки. Девојка - тоа е само лирски поим. Ништо повеќе.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
3. КРОТКОТО ЈАГНЕ ОД ДВЕ МАЈКИ ЦИЦА - со тоа чие лицемерие се дефинира како поим?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Лајпцишкиот саем претставува поим на европскиот пазар, каде што Исток и Запад ги отвораат своите тезги и нудат стока едни на други.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Фанцузинот, како што е познато има едно невообичаено хоби за нашите поими, да ги сака кучињата, со кои овде се води цела трговија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тој свет на Чинго не е воопшто останат на нивото на старото село каде усното творештво уште не било опфатено со некои нови сознанија, со нови потреби на изразот, со нови поими и ситуации.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Артистот не ги поднесуваше критичарите. Ги нарекуваше „портабл-енциклопедисти“ – За секој поим знаат по два реда – им се потсмеваше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тие всушност немаат поим дека ти си во играта.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Е, па сега види што треба да направиш со него. ,Борба е општ поим за судир на две противнички страни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со повлекувањето раководи генералот Караѓорѓиос. „Маневра е комплексен тактички-оперативен и стратегиски воен поим во кој влегуваат огнот, ударот и движењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Офанзива е поим кој означува крупни оперативни единици и стратегиски тела со намера да се постигне оперативно-стратегиска цел.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Патем го сретнав Нацка, кој денес не беше дојден в училиште и немаше поим што се беше случило.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Таа моја мајка поим нема од филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК