показалец м.

показалец (м.)

Одвреме навреме го завлекувам кришум показалецот на чашата и го оближнувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се бореше со лек трепет но можеше да ја повлече кочницата како што можеше да го стисне со показалец чкрапецот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Другиот ја дувна бубалката од показалецот и продолжи: „Се лутевте што сум освоил туѓа жена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Делкај цела ноќ“, и тој делкаше сега со показалецот на среќа, но сето тоа беше напор на жеден човек што цеди капка вода од сува земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се доближи до касата и го завлече показалецот во дупчето на една од тие бројки вртејќи го кругот на бројчаникот од лево на десно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој седеше повисоко од другите и со показалецот го сечеше воздухот во сите правци, но секогаш кон одредено лице од кругот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
– А што ќе речеш за овој мистичен детаљ . . . забележа ли дека дотичниот, на десната шака, меѓу показалецот и палецот, има нешто.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Со левата рака, на десната негде и некогаш некој му ги исекол трите прсти, со палецот и показалецот можел само да наденува конец на игла, да крпи јамки на парталосаните беневреци или нешто слично, да ја треби од гниди ленената кошула или да ги суче прудолу ретките мустаќи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Непознатиот со татарски или монголски или черкески очи, ноздри, усни, гологлав и испотен, застанал и ги подвиткал топчестите раменици, го испуштил анџарот од левата рака и подавајќи ги двата прста на десната, показалецот и палецот, ги преплашил најблиските како да е невидено животно со црни или отровни рогови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Обично, додека раскажуваше бавно и рамномерно, без нагласување на одделни зборови за кои можеше да се рече дека се судбински во настанот, ја стискаше запалената цигара со тврди прсти - жарчето му доаѓа до пожолтените нокти на палецот и показалецот; тој се средува за нова реченица, бавна, на исто гласовно ниво со другите зборови, пали од премалиот отпушок следна цигара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ние вам она по што сте дошле, вие... - Со крената рака ги триел врвовите на палецот и показалецот. - Разбирате?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седеше со показалец на устата како да сакаше да ми каже со таен знак да застанам или да продолжам меѓу дрвјата сосема нечујно, лазејќи, зашто тој сега го наслушнува движењето на подземните води што се качуваат од коренот кон ветките на дабовите или зашто го гледа пукањето на кората на стеблата и трепетот на петелките на кои и без ветар се нишаат непаднатите лисја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето ги потсетуваа на крвта што со палец и показалец ја оставија врз светото Евангелие и на клетвата што ја положија пред олтарот на свети Никита дека ни на смртта не ќе ѝ се тргаат од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа секогаш со палецот и показалецот ќе поминам по лажицата или по виљушката, под прстите чувствувам засушено јадење од вчерадента.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во рбетот забив цртачка игла. Палецот го зачукав врз показалецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А показалците на Дедо Мраз викаа: Ајде, ти, ти и ти!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој фати еден од преостанатите Винстонови заби меѓу моќниот палец и показалец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можам да ги составам палецот и показалецот околу твојата надлактица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден човек со мазна боксерска муцка, на која устата беше само еден засек, застана пред него, замислено балансирајќи го пендрекот меѓу палецот и показалецот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе