поклонение ср.

поклонение (ср.)

„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Колку си ја сакала самотијата сестра Ангелина, колку си ја почитувала немоста и безответноста, мирисот и тишината во храмот, црната одежда и својата ангелска бестелесност (самата така се чувствувала), толку не ги сакала натрапниците, накинџурените, раскокотени и разголени визитарки и визитари кои, најчесто, не доаѓале на духовно поклонение во манастирската светост, туку да им помине времето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Графити ѕид Ѕид што се гради Ѕид што се урива Непознат ѕид Ѕид за поклонение Ѕид ковчег Курвин ѕид Замислен ѕид Ѕид на радоста Ѕид на ужасот
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК