поклоник м.

поклоник (м.)

И навистина, ете, пред големиов празник во Чебрен се заврвеа поклоници — болни, неволни — со десетици.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И јас ѝ бев најфанатичниот поклоник.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И се пред очите на Христовите поклоници без Христа во себе, кои не гледаат во душите на верниците, туку во рацете и подавалниците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А поклоници најмногу му беа и тие, кои ги нарече агенти и шпиони; тие го слушаа без поговор, тие го славеа и го ширеа меѓу нас неговото име и вербата во неговата непогрешлива ѕвезда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тие беа ритуал на култ во кој тој веруваше дека тој и Рози беа ексклузивни поклоници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Партизан“ го нарекоа киното кое се прочу не толку по прикажувањето на советските воени филмови, туку по тоа што тука Захаријадис од сите источни земји собра свои поклоници и ја формира народно – ослободителната и револуционерна организација на Славомакедонците и ја нарече ИЛИНДЕН.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Корнеше и им ја јадеше одерената кожа на поклонениците.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А таа е толку тешка за носење. Со секој следен поклоник, расте сѐ повеќе и повеќе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некој би помислил дека во ликот на Лемо се крие човек - поклоник на лоши пороци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби затоа што сум поклоник на ставот на Џулијан Бек дека театарот е простор каде се спуштаат боговите и играат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На тој вечен Господар му се поклонуваме ние поклониците.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Јаничарите духовно по исламизирањето стануваа ученици и поклоници на Хаџи Бекташ (дојден од Анадолија во XIII век).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК