полицаец м.

полицаец (м.)

Полицаецот сташно мрдна со мустаќите и го повлече за ракав старецот; на овој му паднаа напукнатите очила рамно под тешката стапалка на писарот кој потскокнуваше и мавташе со раце.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Старецот тажно ја наведна главата како да ги сокрива солзите и послушно појде пред полицаецот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Девојки што од срам не можеа да погледаат човека в очи, корнеа камења од калдрмата, решително им се закануваа на суровите и мрачни полицајци, кои дојдоа со штиковите на пушките, пред куќата на протиница.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Им наредија на полицајците да се повлечат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А што ќе станам? праша. Полицаец, рече стариот. Сакам едно двајца од чаршијата да напикам в дупка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но околу полноќ пак се вратија полицајците и во затворен воен камион ја кренаа и протераа од целото гратче саканата и почитувана старица...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Валијата, судските иследници, полицајци, аги и бегови како да се вселиле во душите на овие клетници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Покрај ѕидовите, помеѓу зафатените столови се движеа офицери, полицајци и цивили.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ете, човек без пари може и да полудее. Тоа е потешко од прангите и стаповите на полицајците.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сообраќајот се запира. Доаѓа полицаец и бабата на Зоки мора да плати казна.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Можеби никаде толку полицајци на секој чекор не сум видел како во Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека пиев топло млеко, влезе во бифето полицаец и од секого бараше гилет за патување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Никогаш толку полицајци немав видено по париските улици, посебно во овој јануари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Истиот ден поминавме фаланга. А фаланга, тоа ти е да те тепаат пет-шест полицајци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш Потковицата беше завојувана од фашистите. Фашистички војници и полицајци, заедно со нивните палатки имаше насекаде низ Потковицата, дури и на срецело.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За оваа приказна, која ја оценија како пропаганда, комунистичка, полицајците три дена ги држеа затворени во амбарите Трпоски, а потоа ги однесоа во општинскиот затвор во Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— А ја не акушерка, вели полицаецот и ни се препречува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Старанитес, старанитес! Колоната наша се испровира меѓу полицајците и робијашите, како бразда вода низ поголема вода.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми иде да викам: сумела, сумела!68 Погледнувам: надвор двајца полицајци водат врзан човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК