помеѓу предл.

помеѓу (предл.)

На трите години од помеѓу гробот на старецот извреа два извора што се и ден денеска.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Едно го виделе Силјана мажот и жената, ги оставиле косите и си проговориле помеѓу си со нивниот јазик и се изнасмеале.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да ги споредиме овие два процеса. Едни историчари и филолози тврдат оти јужните Словени уште до доаѓањето на Балканскиот Полуостров се разликувале помеѓу себе, т.е. составувале два одделни народа: Словени /Бугари и Словенци/ и Србо-Хрвати. Така тврдеа Копитар 129, Миклошич 130 и Шафарик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тогаш настанаа и првите оружени судири помеѓу „врховистичките” и „централистичките” чети во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бугарија и да водеше „самостојна” и „национална” политика, т.е. да беше орудие на Тројниот сојуз против Русија, пак немаше да направи нешто, зашто сега ги нема тие натегнати односи помеѓу нив што беа при Стамболова.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сончево утро. Пред да се дигне завесата и во време на сцената помеѓу Томче и Стојанка, од далеку еден женски глас извива дискретно тажна песна.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Професорот по цртање одеше помеѓу клупите од еден на друг, нѐ влечеше за коси, сееше со прстите нешто невидливо и се лутеше. - Што, ова да е кралот? Дибеци едни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се стемнуваше. Помеѓу сивите куќи на мојата улица лилавиот долг правоаголник на небото се посипа со предалечен светкав зоб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Стоев на прсти помеѓу две рамења, гледав само малечко крајче на арената, среќен кога шарените кловнови со големи црвени носишта ќе се појавеа на тоа место. Кловновите ги испратија со весели извици.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Слабите раце на Август ги прегрнуваат решетките на кафезот, малата паметна глава е скоро провлечена помеѓу две јаки железа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нешто смрзнато и неподвижно што ги мени луѓето да не бидат луѓе, да бидам смрзната неподвижност и не на улица, а кај нас во собата - ѕид помеѓу мене и неа, граница на отуѓување неврат, нескршлив неуморлив суров бог.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зад клупата на која седам помеѓу двајца безоблични и неподвижни стражари во бело, можеби само на чекор од мојот грб, слеана е во масив на бес страшна глутница од сите оние што ме следеле, што ме труеле и што ме довлекле во овој пекол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Раснам, кожата ќе ми испука. Но таа се фрла помеѓу мене и пилата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Сепак, имало нешто помеѓу вас“, му ја стисна десната мишка на Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На протиница не ѝ требаше многу да разбере дека се само привидни врските помеѓу трите категории луѓе во гратчето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Покрај ѕидовите, помеѓу зафатените столови се движеа офицери, полицајци и цивили.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Французите ништо од тоа не сфатија. Побрзуваа и тие по нив несвесно, иако отстојанието помеѓу двете двојки се зголемуваше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Природно е поради тоа да се воспостави математички знак на равенство помеѓу времето и поезијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тоа во основа е една темна материја, честички на оние душевни сензации што се простираат и движат во огромниот простор помеѓу тагата и очајот; тоа се честички што се јавуваат во улога на невидливи оски околу кои времето на творечката индивидуа ја прави својата голема револуција, постојано кружејќи од детството до денес и од денес до детството.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК