помирен прид.
помиреност ж.

помирен (прид.)

Сватовите се советуваат со недели напред, и обично одат на пазар без пазар, кога градот е помирен, кога можат послободно да се пазарат со Пушмарковци за шамии, со Алекса баба за бакаллак, со Јашмакот за чевли и со други прилепски трговци, коишто, кога ќе разберат оти е за свадба, не ги пуштаат муштериите па дури и „под зијан" да дадат, само да е за „аирлиа" радоста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве ја онаа долга улица што се мрешка од ладниот повев на тихото помирено сознание: овие мали прозорци беа полни со сон и младо утро во гранките што се препелка и имаше во нив очи со густа сончева прашинка што ја постилаа штедри пред нашиот припитомен од
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Со една ваква пушка тој и не можеше да стори повеќе од она, што го стори; сега беше помирен со тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шишман и Србин се погледнаа, ги кренаа рамениците и помирени продолжија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучедите помирени, ги собраа рамениците и како кучиња со подвиени опашки, тргнаа пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не можејќи ништо да кажат, разгледаа наоколу и кога не видоа никого, помирено, полека, го продолжија патот пред војниците. Се движеа малдисано и безнадежно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На неколку чекори од неистинатиот Јане Крстин друг, Пеце Дановски, удрил со крваво чело во камен и останал неподвижен; бил до тој миг незабележлив, малостав, помирен со сѐ што се случувало и што ќе се случува низ векови; сега сите што биле близу до него виделе дека само со тапите прсти минува по земјата - умира и сепак бара потпир да се исправи, да го побара убиецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги почитуваше државите во кои верата се одделуваше од државата, а и од идеологијата, по колку што е можно помирен пат... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овие забелешки откриваат длабочина на чувството за кое ние се сомневаме дека мотивира голем дел од негативните реакции кон AI идејата за умот како компјутер, што се покажува вознемирувачко за многумина кои се сосема помирени со нотацијата на телото како биохемиски механизам.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Општествената свест доцна ми дојде. Ја немав, бев помирен со судбината.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сѐ беше средено, исправено, помирено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Како напредува Алексеј?“, прашувам јас, најмногу за да ги одложам непријатните нешта или да го свртам разговорот кон помирни води; сѐ ми се чинеше дека татко ти е затечен, можеби и збунет од посетата но и од директниот настап на Иван Степанович па смислуваше некои објаснувања во врска со оној проклет Корпус, но не сака што се вели прекутрупа и необмислено да истапи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се насетуваше помирен период.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу страдале, многу виделе, на Балканот, за да не ја почитуваат логиката на помирените разлики!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како низ лут чад што штипе во очите, пред поткосените коленици му се прелеваа една во друга некои сцени препознатливи, а далечни: замрсено клопче од отуѓени луѓе со забавени движења што плетка нешто во безгласна кавга каде да се легне мртовецот - дали да остане на троседот или да се испружи на масичето со висната глава и подвиткани колена додека да дојде нарачаниот ковчег; помалиот син, Гоце, кого не можат да го одвојат од постариот и кој не само што му ја стиска туку и му ја тресе раката, постојано повторувајќи „бате, бате” во пуста надеж дека некако ќе го разбуди; жена му, не помирена ами умртвена од смирувачките средства, веќе забрадена во црна шамија, одеднаш остарена, преполовена и смалена, стопена како грутка снеговна на дланка, со прачки од раце во празниот скут; свеќата што гори над дамкосаното чело на Нако, што станува восочно до проѕирност; миризбата од козметиката на снаата, нешто меѓу темјан и колофониум; мувла од пештерска црква, а сè во мансарда од новоградба; испиени лица на светци од икони а само смртни грешници со подуени модрини под очите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Рада ги затвори очите помирена со судбината, дека веќе е нечиј плен; како да очекуваше забите на сопственикот на канџите да се заријат во нејзиниот врат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но тие беа одамна помирени со судбините, нивна единствена грижа беше како да им помогнат на своите потомци да го разберат Балканот и подготвени да живеат во него без омраза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)