помисла ж.
помисли св.

помисла (ж.)

Но токму тие звуци сега му го параа срцето при помисла дека тоа време нема веќе да се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А, лебами, јас од тоа живеа, нека ми платит. Море, кога ќе си помисла оти на владиката во Битола му и брои педееет ж'ти на една рака за да ме стори поп цревата ми се буричкаат!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ниеднаш не беше свикнат да не мисли на ловот пред тој да биде уловен и сега се чувствуваше некако празен од таа своја помисла.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа беше само една негова помисла, во која не беше сигурен. А сега, сега продолжуваше да ги бара нив...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега наеднаш, далеку од секаква помисла, неговиот поглед веќе не беше во состојба да се оддели од тоа малечко живинче во неговата близина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговото алчно срце пукаше од мака при помислата дека маслинките пропаѓаат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие веќе се плашеа и од помислата на него. Сега скоро бурна во нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ЛЕНА: А сега ве фаќа уплав и при самата помисла дека би можеле да го усмртите и мојот син.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Умрените овци дедо му ги дереше, а со месото ги хранеше кучињата, но и од самата помисла да се зафати за такво нешто, на Бојан му стануваше лошо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одеднаш просто се потресов и од самата помисла.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Целата треперев при помислата што ќе се случеше со Ели ако не се вратев по неа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во тие моменти во автобусот ми стануваше туѓ и татко ми, само при помислата дека можеби и тој би бил во состојба да стори такво нешто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се откажав од помислата да влезам и во друг диско-клуб, зашто барав многу чист воздух кој го имаше во изобилство крај брегот на Рајна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но во црквата пак се појавија неважечки пари и таа помисла за Андро отпадна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дека му се случило нешто на некое од децата, или дека му се случило нешто на Јосифа, или дека, или дека, а кога Јосиф со испрекасан здив изустува Некој дојде во Потковицава, по Градишки Пат, една единствена помисла, еден единствен ужас, оној од пред толку години, кога `Рслан бег и другари му ги исклале сите возрасни Акиноски, му ја згрозува душата и му ги посекува нозете во колената.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Топлината што се шири од него шумно се меша со мирисот на дуњите и јаболката и со мирисот на исушените полски цвеќиња,треви и чаеви, и уште еднаш ја потврдува неговата преѓашна помисла дека сите тие заедно прилегаат на неземски суштества, на духови кои не седат овде, во Јанческата гостинска одаја, туку блудат некаде другаде, на некое друго место под небесата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таквата помисла, за преминување во ислам, ни на крајот на умот не им паѓаше ниту на султанот, ниту пак, ним, на Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако ниту со орелот (зад најодалечениот облак), ниту со рибата голтната во најдлабоките води) не успеа да му измолкне на принцезиниот поглед, момчето потполно ги заборави и престолот и кралството, а помислата на принцезата го исполнуваше единствено со ужасна тревога.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се качив во возот, а ми идат илјада и една помисла една со друга што не се познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе