поплаче св.

поплаче (св.)

Откога си поплакал Силјан на куќа на деветти марта за домашните, кога ги гледал и не можел со нив да зборува, на жалта згора си летнал од куќа и си ошол в поле да си ги види нивјето, ливаѓето, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
ЈОРДАН: Сполај му на господ. Да не се поплачам, ако не тече, капи. Ама капка по капка, море станува...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Чорбаџи-Дико знаеше сѐ за Бошка и затоа, кога овој седна спроти него, не го дочека ни да почне да се поплакува, туку си сркна од кафето што тој час му го донесоа момците и офолито, со потсмев во гласот, му рече: - Зарем на еден Лумана најде да му одмаздуваш, бре главо будалска.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ела да си поплачеме Јас и ти јас сонуван.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Од друга страна пак – немаше кому да му се поплаче, ни кому да му се налути. Му остануваше самиот да си мисли на себе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И го кренавме девојчето, Роса моја. Го однесовме, го запретавме. И седнуваме на гропчето да го поплачеме, да го истажиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Поовкав, поовкав, поплакав и на гробот од Ѕвездана, ама суво плачење. Пак немам солзи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно цело огниште ми скапа, ќе се туфкаш, ќе се поплакуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Друже комесаре, му велам, јас имам нешто да се поплачам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А сум ви давала и леб и вода, вели и тивко потплакува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ту ко потпевнување, ту ко потплакување, подлипнување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои одеа првин кај мртовецот, му изразуваа сочувство на Танаил и ѝ палеа свеќа на мајка му; ѝ ставаа овоштие, локум и босилок на ковчегот, поседуваа крај неа и издишувајќи од жал, подречуваа нешто за кутрата старичка како се мачела како вдовица да го гледа и одрасне Танаила; и сега кога треба да проживее во полна куќа луѓе, таа си умира, си оди од овој свет; подречуваа нешто и за нејзината кротка, блага душа која на сите во селото, и роднинина и нероднина, само убави зборови им велеше, и која ни на живинче не му свикала, лош збор не му рекла; ќе сронеа по некоја солза, ќе поплачеа, и ќе си заминеа дома; ќе се измиеја на чешмата средсело или езерото, ќе го соблечеа црното руво, ќе облечеа други алишта, и одеа кај Китан на свадбата, на веселбата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така враќањето од Лесново им почнало со нов гроб: ќе го закопаат, кој има солзи ќе поплаче, ќе ги наредат двоколките и ќе појдат со темни грижи на челата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но штом ќе им згусти и за најмала ситница, кому ќе му се поплачат?“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Марија не сакаше да мисли на тоа. Ноќе, скриена од темнината, тивко си поплакуваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Ако се поплачи, дојди да ми кажеш...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК