попски прид.

попски (прид.)

Гласот му беше темен кога ѝ рече: „Се шегуваш кога говориш за иднина. Иднината е попска проповед.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Имаше навистина попски глас, влакнест и леплив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја загутавив под мене, попски. Тогаш носев мантија.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Командантот Никодим и комесарот Мони, по сѐ слични на Онисифор Мечкојад и на Онисифор Проказник, едниот главурдест и со влакнести уши, другиот замислен и без насмевка на сувото лице, со сомничави очи зјапале во извезениот петокрак знак на попската камилавка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И на коњоштипите ќе им пееш. Не само попски. И дервишки.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Килав во мозокот, прости ми господи. Затоа лежеше ноќе по празните вади и по сувите лозја и им пееше попски песни на црцорците.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас тогаш бев мал, ама паметам како децата по полињата ја шуткаа неговата попска шапка со денови, сѐ додека некаде не исчезна.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Поп Доне се покажа во попска одежда.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но изучи и книга, па го пуштаа во придружба на сокалникот, собирачот на соќето, данокот во натура, исто како да е попски син што не смее да стане меропхт.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со здравје, со здравје, синко... Синот попски истиот ден одјава на коњ за Костур.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Бива, дедо Крсто, ама за лира и половина – побара попскиот син.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На здравје... - попскиот син испружи рака, гледајќи го дедо в очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)