поп (м.)

Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Али нему ја не можех душа да му дадам, станах, каних два-три попа, збраха сја роднини, дојдоха и познајници, врстници- момчета, кренаха го на носила, носат го на рамо; и на гробиштата тамо поп молитва пеја, па го од носила зеха, пуштиха го в гробот...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едни селани со нивните учители и попови ја признаваат Патријаршијата и се под покровителството на српски или грчки конзули, а други го признаваат бугарскиот егзарх и ги слушаат бугарските трговски агенти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се готват, азар се чинат. Ги гледам, одат кај поп Гаврила на причесна...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СЕЛАНЕЦОТ: Арно, арно, така вели и поп Китан. Само тој вели: „Што дава десницата...“
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Знам, и поп Китан вели така да се прави, зошто сме рисјани. Ама, тоа е така само за поука.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Не викај, не викај, попови ти викале над глава! Не знаеш дека чорбаџијата спие?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Венец кој ќе биде ставен од свештеничка рака, со оние убави негови зборчиња: (изрекнува со пеење како поп при венчавање). „Венчает сја раб божји Илија и Антица...“
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПОП ЈАНЧЕ: (си ги жули рацете).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се разбира, се пред тебе, али ништо без попот!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Попот жени, Андо Андовски мажи, а Рожденката — и жени и мажи. Сите тројца збираат сватови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И попот ова го чекаше: да дојде до куќа и така азар сермиичка, та му благодари на Лесната и Младена што ќе му помогнат да се извлечка од калта и да ги прифати и децата и стоката, Речено — сторено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Првата вечер анџак се извиде Суло со пријатели. Дојдоа Колобан, Бино даскалот и поп Трајко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Поповите лажат! Буржујот јас не го познавам. Тој може и да лаже, ама поповите...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Неговиот поп личи на патка. А оџата твој? Оџата што е - дроздалец?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Манастирскиот поп, малоумниот отец Софроние, тешко се снаоѓаше: камилавката му беше издупчена, ту од кокарда, ту од петокрака, како веќе која војска ќе влезеше во широкиот ограден двор.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дојде дури и до разговор меѓу кадијата и поп Јакова преку портата и се разбраа дека на Турчин вера не се дава. – Ние сме ви во стапицата – му рече попот на кадијата, фатете нѐ, дерете нѐ, бесете нѐ, печете нѐ, а сами да се фрлиме во вашите вилици никогаш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така се договорија: попот да зборува за сите, а тие да потврдуваат или да откажуваат кога ќе ги праша нешто султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе