поротник м.

поротник (м.)

Огновите и паниката на поротниците, сведоците и глутницата остануваат далеку под мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Масата на судиите и поротниците е на десетина метри висок подиум и е оградена од обете страни со растенија месојадци во големи саксии од фајанс.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И, како да сум и самиот невидлив, се фаќам за дебелото јаже и се качувам по него кон магли, Огновите и паниката на поротниците сведоците и глутницата остануваат далеку од мене.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Масата на судиите и поротниците е на десетина метри висок подиум и е оградена од обете страни со растенија месојади во големи саксии од фајанс.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А под „патот Јура-Париз” не се подразбираат два града во Франција; туку се мисли на јуре, или поротник (т.е оној кој донесува пресуда), и Парис, грчки антички јунак, како и јунак од една поема од Жариевата новела: Личен Парис, уништувач на мирот, Судија на Божиците, а пак љубовник на жени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Најпрво ги фрлате поетите пред поротниците; но, поротниците им простуваат и она што било мислење на осамениот човек станува мислење на целата држава.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше пладне, летна жега, а јас седев во ладната соба на столот, свиткан во колената и со поднаведната глава, како пред судии и поротници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Судиите, судиите поротници, вишите судски советници, самостојни судски советници, судски советници, стручни соработници, судски приправници, судските вешти лица, толкувачите, преведувачите и другите лица кои учествуваат во постапката и надвор од неа, должни се да ја чуваат од неовластено откривање класифицираната информација со соодветен степен на тајност утврдена согласно со закон, без оглед како ја дознале.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога Советот избира судија- поротник во суд кој се наоѓа на подрачје на единица на локална самоуправа каде што 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во РМ (чл. 46, ЗСС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК