порочен прид.

порочен (прид.)

Жените поцрнети од сонцето, разградени, со светнати очи и благородно порочни, благодарно летаа во прегратките на мажите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа му се предаде мека, топла, порочна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Има тука и порочни, има луѓе кои навистина одат да удрат во некое дрво.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не само што признаваат дека задоволувањето го бараат во самопроизведените слики - соништата на вЉубените стануваат порочни.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зар тоа не беше порочниот круг на егзилот на кој му бараше решение?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јагулите, го напуштаат Езерото, го минуваат патот низ големите реки и стигнуваат до океанот; за Таткото, кој бега од фашизмот дојден од Италија ќе нема спас освен верно да го следи патот на јагулите и неговите деца ќе се соочат со истата „проблематика на излезот од порочниот балкански круг”.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ова што ти си го насликал е темнина човечка, порочна, грешна, гнилежна, црвоточна.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Палестинците пак ќе се најдат во стариот порочен круг на неизвесноста на мирот и војната, на нов крстопат на блискоисточниот лавиринт...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Непристоен каприц на порочната желба која и не е свесна дека на овој начин го потврдува своето постоење но и својата слабост“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)