поручек м.
поручек прил.

поручек (м.)

Поручекта, кога бригадирците се растурија по бараките на починок, Мече неочекувано ја забележа меѓу црниците светлокосата глава на својот другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Некои, уште од црква цврцнати, поведоа танец, искочија горе и целото поручек помина за сите како една минута.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во сенката од палмата поручекта се збираа на разговор луѓето од дворот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе туркат ѕид со глава, а оти ќе кршит лејката не му текнуват!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На другиот поручек навистина дојде мајсторот, и јас и Бане слеговме да ни земе мера.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во тие јасни пролетни дни, на поручек, нашиот скаутски вод „Елен”, составен од седум души, се упатуваше на практична обука в поле.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)