поседне св.

поседне (св.)

Поседнати на полјанката в круг, бригадирците го слушаа својот командант, кој што долго и распалено им говореше.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со молневита брзина се разнесе по сите мариовски села веста за вчерашниот напад и со иста брзина се дадоа наредби за одбрана, та како Чебренскиот така и мостот на Светецот на време беа поседнати од по стотина селани, одделно од постојаната одбрана, сите беа готови да се борат на живот и смрт со напаѓачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога пристигна бродот во таа далечна земја Тој виде непознат народ поседнат на брегот И јадри ѕвезди на небото.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ергените, од секое домаќинство по еден, токму оној што се замомчил и требаше да се покаже, или оној што требаше да избере и да биде избран од некоја од момите, за наесен кога ќе започнеше мрсот, да се ќердосаат, дотука вода во калта, искусните домаќинки, за радост на бабите и децата, поседнати наоколу, ги виткаа црепните, сосетките одговараа: - Не ми се криви нозете, не ми е земја грутлива, туку ми лудо намигна, туку ми умот поштукна, зато ми се црепни - црепутки. - Ихии!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поседнале со темни мисли под јакуцките на гуњите да сраснуваат до суровост со изѕемнатата земја, колку-толку заштитени од студот со веленца и кожи или черги, и пак чекале без сигурни предвидувања како ќе се заврши сето тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се провревме низ грмушките и поседнавме во круг, небаре сме Индијанци на договор.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Поседнавме на тревникот спроти северната страна од зградата и загледани во прозорците стрпливо чекавме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во кујната поседнавме околу масата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)