поскап прид.
поскапување ср.

поскап (прид.)

А нивите беа истите и требаше да се работат за да раѓаат уште повеќе пченица одошто во турско време, оти тогаш таа беше 55—60 гроша, половина лира килото, а сега стана осум па и десет лири, шеснаееет дваесет пати поскапа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Фанатички веруваше пашата и неуморно ги тераше слугите, да купуваат уште поскапи свили, бисери и сешто најубаво што имаше на пазарите од Охрид до Солун...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На првите истрели се збуни целата полиција, а и заптијата веќе беше ги известил муљазимот и кајмакамот и овие трчаа со сите заптии и оружани слуги што ги имаше по Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оние, крај морето, беа поскапи и за еден месец, соба со четири кревети, чинеше 10.000 драхми, а подалеку од морето - 7.000 драхми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Првпат, по толку мои идења, забележав дека солунскиот пазар е многу посиромашен со пиперки, домати, за разлика од кај нас, дури и поскап.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш е невозможно да се најде хотелско легло, или тоа ќе чини многу скапо, неколкукратно поскапо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За неа и нема поскап подарок.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кутар Фокс. Со своите плави оксфордски кошули посвежи од било кога, со своите париски одела, потемни и поскапи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Разочарувањето поради залудната и сѐ поскапа војна против дрогата поттикна голем број на угледни, конзервативни личности да се заложат за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овде ќерката не пресмета, а другите места се поскапи, отколку што мислевме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе ги однесат сигурно на пазарот за робје на Крит, или во Едрене, да не сум жив! Таму робјето се продава поскапо!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се сретнаа во хотелска соба во еден од поскапите хотели во градот - тој сакаше да делува великодушно, барем на првата средба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Дрвената граѓа беше скапа, но работната рака беше уште поскапа, и додатните трошоци за дрвената граѓа ќе ги надомести со заштеда за работната рака кога ќе се уредува екстериерот, додатната дрвена граѓа ќе овозможи побрзо да се заковат цементните страничници, а ќе биде поекономично, а освен тоа целата кула ќе биде поцврста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
За волја на вистината, Александар од кога знаеше за Бојана, на работа носеше фармерки, можеби за нијанса поскапи од неговите.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Драги мои, Томо со крената чаша ја започна својата здравица додека разголената полна месечина го нурна својот зрак во полната чаша пенливо вино, вечерва добив вест која е поскапа и поголема од сето азно на овој свет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)