последица ж.

последица (ж.)

Ако сега нашите противници го допуштаат образувањето на помали етнографски целини од поголема, како последица на историска неопходност, и ако тие досега гледале на Македонците како на Бугари, тогаш зошто сега тие не можат и не сакаат да го допуштат образувањето од таа голема етнографска целина што ја викале сите, па и тие, бугарски народ, две помалечки целини – бугарска и македонска?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако се допушти за верна таа теорија, ќе биде јасно оти еден народ не секогаш може да устои против притисокот од туѓи соседни народи, а губи еден свој дел во корист на посилниот сосед, и друго, од неа се гледа оти народите можат да се состават од два блиски народа, слеани во едно, како последица на историска неопходност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа се гледа особено јасно од можните последици на востанието, кои, за наша и турска среќа, не последуваа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
До прекин на радио врските дошло заради извршените промени во јоносферата од активноста на Сонцето, првенствено предизвикани како последица од ерупциите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како последица на тоа имаме слаба жетва, слаба берба, имаме намалено производство и - сиромаштво!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Докторот што го прегледа, рече дека е последица од насилното спречување на функцијата на левата рака бидејќи кај левучарите тоа е вродена особина да се склони повеќе кон развивањето на левата рака.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа ќе доведе Балканот да западне во лоши историски делби, преполни со тешки последици.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тука, со хроничното задоцнување и со поизострени последици се разрешуваше јазелот на противречностите, веќе одболедувани во Европа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да земеме да набљудуваме земја во која се забранети сите видови дроги, дури и марихуаната, а во која сепак не се воочуваат штетните последици кои поборниците на легализацијата би можеле да ги предвидат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тие на различни начини трпат негативни влијанија од нив, какви што се влијанијата од елиминирањето на правото на абортус во Полска и неговото ограничување во поранешната ГДР како последица на вклучувањето на ГДР во обединета Германија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако живеењето во Јавел се однесува на постојаните физички и сексуални нагони, или на постојано отворената славина, тогаш може да се заклучи дека нужна последица е опасното задушување, бидејќи дишачот или оној кој аспирира, живеат во Јавел.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бремените жени кои користат барбитурати раѓаат деца со последици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И затоа децата ја мразеа поради сето тоа, со сите мали и големи последици што од тоа произлегуваа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На пример, можно е да се воведат прашања кои ја охрабруваат индивидуата да го повика скорешното минато и дамнешната историја на настаните кои ги антиципираат тековните последици.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со него би можеле да се согласиме само во случај да ги занемариме силните и сѐ побројни докази за штетните последици од ендемската наркоманија во најзагрозените општествени групи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Залагањето за легализација како да ги меша последиците на криминализацијата со последиците на општествените проблеми, или подобро кажано, взаемното дејство на криминализацијата и спречувањето или исклучувањето од општеството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Последица од овие празнини, недоследности и контрадикторности е одредена недетерминираност во животот; токму тие празнини, недоследности и контрадикторности се она што ја поттикнува индивидуата активно да се ангажира во изведувањето на единствено значење или, како што вели Брунер (1990) во „создавањето-значење“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Иако поголем број луѓе кои земаат амфетамини не искусиле сериозни физички последици, освен ако се навистина толку среќни па купиле роба која или е неверојатно чиста или помешана со некоја друга токсична материја, овердоузот е чест случај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК