послуга ж.

послуга (ж.)

Топовите пукаат подрипнуваат. Се враќаат назад, фрлаат клоци задници. Послугата ги враќа назад.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се чу само: послуга на своја места! Скидај капе са цеви! Лево - 2 5 0 . Како?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Послугата излегува, ги испукува топовите и пак назад. В окопи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Притрчаа луѓето, послугата од барот, почнаа да го тријат, да му укажуваат помош, но кога видоа дека не помага, со кола го префрлија во болницата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Еден крупен човек кој го крши своето тело преправајќи се дека е никој и ништо, кој знае како се нашол тука поради тоа што е близок пријател на некој од послугата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Освен неколку крупни кадри, поголемиот дел од сцените е компониран во широкиот лак на масата за вечера и плановите на кујнската послуга, кадешто е остварена раздалеченоста и контролирано растојанието.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во салата влезе командантот на послугата, во свечена униформа, со лице вкочането од лажните зулуфи, приоѓајќи му на професорот Артур.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Послугата ја заврши својата работа и си замина дома, вклучувајќи го и ложачот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа била, во дамнешните времиња, таканаречена врата за послуга; беше неупадлива, тесна, одвај забележлива во сенката.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Целата атмосфера на големиот станбен блок, богатството и пространоста на сѐ во него, непознатиот мирис на добра храна и на добар тутун, безвучните и неверојатно брзи лифтови што се лизгаа горе-долу, послугата во бели жакети што иташе наваму-натаму, сето тоа беше застрашувачко.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му се стори како некоја голема порта да му се отвора и тој само треба да влета низ неа, не вјавнат врз некое нејако ждребе, туку разбашкарен во султански шестопрег и околу себе со носачите на почесните нишани, и со сета бројна послуга од собари, амамџии и готвачи, па дури и со хазнадарот кој од кожена торба вади по пет гроша и ги раздава на сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Самиот висок, добро развиен, тој имаше зошто да се држи гордо: беше стегнат во нова скаутска униформа, земена на послуга некаде од градот, на колкот му тупкаше скаутски нож, а в рака носеше троаглесто знаменце со извезен елен - амблем на нашиот вод.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сеедно, реченицата заѕуни небаре ѕвонче со кое се повикува послуга во филмските слики од животот на старата аристократија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Го напушти во Сиудад де Мексико шест месеци откако се запознаа, кога уште гореа од желба во блаженството на безумната страст во собата за послуга во населбата Анзурес.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што не значи дека не се омрсува и некое петле со понизок ранг, од послугата или од соседството.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бојана испратила некого од послугата да го пречека.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не си белким сериозна дека нашиот човек од послугата и го снимил ова?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)