послушник м.

послушник (м.)

Во тоа време, кога одеа да го собираат владичниот, грчките битолски владици, од страв од ајдути, а и за да го натераат народот да го плати данокот, одеа опкружени со големи тајфи составени од заптии и ѓакони, а Партениј, за оваа пригода, беше се зајакнал уште и со некои свои послушници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дипигус се навредува и, пред да излезе, дрско му вели на господинот Сенка: - ќе ви дадам еден совет, почитуван господару, како да ги истрезните тие ваши пијани послушници: мозок од овен што не се парел, треба да се стави во вода во која биле избањати мртовци; и тогаш само треба да се послужи, господине Сенка, слично како овие риби и змии кои помалку еднолично ги имаме на менито секој ден.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Каде е сега? Меѓу предводниците? Се разбира, затоа и е тука. Не, не е подведен меѓу послушниците.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нашиот организам, и без помагалата на современата наука, доволно успешно ги толкува пораките на природата преку многуте послушници во нашите тела; знаеш колку органи се ангажирани со такви задачи; (еден вид резонатори, нели?); а потоа, тука е душата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не е важно колку читаш туку што читаш. Може да завршиш и 3 факултета, но пасивизираноста на студентите покажува дека факултетите се само добро разработени детергенти кои тенденциозно ви ги потплакнуваат умовите и ви ги држат под контрола со што станувате послушници на системот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Засадувајќи го семето на македонскиот национален идентитет, со децении навредуван, унижуван, дразнет, од туѓи слуги и послушници разни, без да го реализира на литературен план родниот македонски јазик, умира на прагот од новата македонска ера, но остава зад себе ученици, неверојатни лица, Македонската револуционерна организација цела, Крсте Петков Мисирков, како негови неверојатни дела...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)