посрами св.

посрами (св.)

Да му се искараше некој друг, тој не ќе се посрамеше толку.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Подобро да го посрамиме Бошка, да го натераме да види што грешка прави и тој после ќе биде подобар од сите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во својата очаеност, понижена или посрамена, сеедно, Фиданка Кукникова го понижила и го посрамила - топлината на нејзиното месо сѐ уште му ја морничавела младата кожа...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се посрамам со свеска. Ќе испадне дека толку години само сум ѝ се топорел и сега кога дојде времето мене не ми станува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кметот долго се караше со татко. - Сте го навредиле даскалот – пиштеше тој – сте го посрамиле селото, ете, што сте направиле.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, има и конкретни историски причини зошто машката геј-култура постојано ги посрамува сопствените припадници, зошто секоја наредна геј-генерација бескрајно го повторува одрекувањето на претходната геј-генерација од геј-културата, зошто секогаш излегува дека самата геј-култура е – понекогаш според помладите геј-мажи и секогаш според оние што зборуваат во нивно име – исклучиво сопственост на постарите момци, на кралиците, на луѓето што на овој или на оној начин едноставно ја надминале: накратко, на другите, особено на другите чиешто стварно или замислено прифаќање на геј-културата секогаш на крајот ги прави да изгледаат и женствено и архаично.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)