постоен (прид.)

54. Додека во овој прилог, пишуван пред донесувањето на Мурцштегската програма за реформи во Македонија, Мисирков условно и привремено дури и ја допушта дејноста на постојните црковни организации, во другите прилози во книгата тој е веќе против каква и да е туѓа ” црковно-училишна организација или институција на пропагандите на македонската територија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, ние не сакајќи да ги мешаме нашите интереси со бугарските ја даваме својата согласност и го озаконуваме постојниот ред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
110. Како активен учесник во сите овие манифестации на младата македонска интелигенција, Мисирков навистина точно ги предава настаните што може наполно да се следат во постојната архивска документација во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секоја сличност со постојните тогаш лица е случајна и ненамерна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој претставува привлечност по својата архитектура, која многу се разликува од постојната, и по својата внатрешна уреденост.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа, по долгото патување, од постојното тргање на уздата, удирање по мевот и силење на коњот, како и од жешкото сонце што ја пече, сета е во пот и зпочнува дел по дел да вади од на себе, да се соблекува и да фрла.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Прифатив: - Но сепак марксизмот, како нова доктрина, се надоврзуваше на вечните човекови религиозни пориви да се промени постојниот свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Останува, си велам, единствено да се дејствува во постојните услови, кој колку знае и умее. Без изговори и - без престан.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но да се следи историјата на целиот тој период, да се каже кој се бореше против кого во секој даден момент, беше сосем неможно, зашто во ниту еден пишан запис или изговорен збор не се споменуваше ниту едно друго сојузништво освен постојното.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе добиеме увид каква е положбата кај нив и како тие ги решаваат - или не ги решаваат - постојните проблеми.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во досегашната историска литература: монографии, зборници на документи, архивски публикации, мемоарска литература и во разни прилози во весници и списанија, објавени во Македонија можат да се најдат скудни податоци за ова прашање и тоа пред сѐ врз база на постојната литература и скудната архивска документација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Татко мораше да проникне во стотици различни ракописи, да ги открие постојните грешки, да го открие дури и нивниот клуч. Сите тајни на сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Одговорите на ова прашање што можат да се најдат во постојната литература не се совпаѓаат наполно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во постојните извори не се спомнуваат такви.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Младинците сметале дека тој амблем - гемија на суво - најмногу одговара на нивната определба и разбирање: лица кои што мислат дека патот што го следеле сите обични луѓе стремејќи се кон егзистенција, бил несигурен, зашто на крајот, при постојните општествено-економски услови во Македонија, тој пат водел кон неуспех.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ги потчинува на аналитички расудувања двата алармантни краја на постојната приказна за егзилот: бегството од Албанија и мечтата за враќање во роднокрајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во голем и видлив фонт, Реслеровите билборди повикуваат на преиспитување на постојните односи на моќ и нудат алтернативи кои би биле „помалку хиерархиски, засновани врз идеите на директна демократија и би вклучувале што е можно повеќе луѓе во процесот на донесување одлуки“ 139.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таа делумно ги репродуцира постојните нееднаквости, но истовремено е резултат на динамика специфична за моменталната форма на економски растеж: „Глобалните градови акумулираат огромна концентрација на економска моќ, додека градовите кои некогаш биле главни производни центри трпат прекумерно опаѓање; центрите на 48 градовите и деловните центри во метрополските области добиваат огромни инвестиции во недвижности и телекомуникации додека урбаните и метрополски области со ниски приходи гладуваат за ресурси; високообразованите работници во корпоративниот сектор се сведоци на зголемување на својот приход до необично високо ниво, додека ниско или средно квалификуваните работници се сведоци на тонењето на своите приходи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, „природноста“ на овие граници обично е повеќе привидна отколку стварна: зашто расните, јазичните и културните разлики премногу често се манипулирани од страна на националистичките идеологии кои сакаат да ги легитимираат веќе постојните граници преку создавање, јакнење, или истакнување на овие разлики a posteriori.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Повеќе