постоечки прид.

постоечки (прид.)

Не можејќи со постоечката работна сила да ги намерат давачките, а не сакајќи ни да си скусат од својата господштина, своите отроци, во чија работливост и преданост безгранично веруваа, за да ги врзат уште повеќе за себе, од Дупка ги преселија на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас сега немам јазик иако ги знам сите постоечки и непостоечки јазици.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Националниот идентитет се потпира на претпоставката за меѓународно признати вредности, но во денешниот свет на брзи промени и испревртени поими, тешко е да се држи чекор со времето и истовремено да се остане на веќе постоечките вредности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите овие слики можат да изгледаат убедливо вистинити, со жив впечаток за бројни замрсени детали, кои далеку го надминуваат сето она што поединецот го дозволува како постоечко во неговиот арсенал на свесно знаење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Реалноста во мојата земја, која се распаѓаше и исчезнуваше, ја прерасна и најзлокобната фантазија, ги избриша границите помеѓу постоечките и непостоечки светови, и јас повторно се најдов од онаа страна - врз некое друго огледало.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И, иако втората позиција има јасно оправдување, потврда - на крајот, битно е едно дело да биде разбирливо, драмата да може да се игра, а поемата да се чита - арогантниот став на критичарите со кој тие оценуваат дали еден превод е добар или не, од чисто монолингвистичка позиција, повторно укажува на неблагодарното место што го зазема преводот vis-a-vis метатекстот (дело изведено од, или што содржи, веќе постоечки текст), каков што е и литературниот критицизам, сам по себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Симболиката на Гринавеј исто така можеме да ја сметаме за развиена, не затоа што априори е „уметничка“ или затоа што „уживањето“ во неа следува по разрешувањето на нејзините загатки и алузии, туку затоа што произлегува од една постоечка културна традиција којашто авторот добро ја познава и затоа што органски е инкорпорирана во самата структура на неговите филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако не стоиме блиску, тогаш наскоро ќе купуваме хардвер и софтвер кај нив и ќе плаќаме лиценца. И Дали постојат начелни ограничувања заради постоечката технологија?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како гледате на постоечката состојба на социологијата? Во својата доминантна форма, социологијата произлезе од лажното ветување дека таа би можела да им помогне на менаџерите на јавниот, економски и политички живот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вокменот го руши контекстот на постоечката текстура на градот и ја провоцира логиката на урбаното, бидејќи градските планери досега по правило се занимаваа само со просторните димензии на соѕиданото, занемарувајќи го акустичниот аспект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дали тоа беше и став на вашите родители, прифаќањето на постоечката состојба? Залудено прифаќање!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Истакнувајќи ја природата како врвен систем на организација на сето постоечко, во чии рамки функционираат нему толку милите и блиски принципи на случајност, неинтенционалност, ненасоченост, промена, повеќеслојност и меѓусебна проникнатост, Кејџ дојде до ставот дека во уметноста е можно да се повлече паралела со природата во начинот на нејзиното делување и дека уметноста треба да ги следи тие принципи, бидејќи единствено така може да стане дел од таа иста природа и животот, кој е инаку нејзина највисока цел и барање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој никогаш не ги вплетка веќе постоечките митови во своите филмови (за разлика од сликарската работа), како што тоа го правеа нему сличните по дух авангардни творци, Џек Смит и Кенет Ангер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сликата ги покажува необичните склоности на неколку генерации на тогашното, политички толку хаотично раздобје во Европа: склоноста кон настраното, ексклузивното, екстраваргантното, скриеното од онаа страна но постоечко во рамките на физичката, „природна“ стварност, па и за издвојување од друштвото, тежнеењето кон една посебна аристократска позиција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Притоа: во постоечката православна црква не се допуштаат никакви реформи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа, сметајќи дека сите денес постоечки униформи само во мала мерка ја задоволуваат оваа битна цел, јас сметам за неопходно да се состави специјална комисија по овој повод, која ќе добие препорака да ја скицира униформата на градоначалникот. 128 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Или, доколку веќе сака да се смести, самиот може да си го избере идентитетот што му одговара - некој постоечки или сосема нов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тие не создаваат никакви одрази на постоечкото, туку создаваат нацрти за сѐ уште неоствареното, „проекцираат алтернативни светови“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во онаа мера во којашто уметноста по дефиниција е субверзивна во однос на постоечкиот режим, секоја уметност која денес сака да ѝ биде дорасната на сопствената задача мора да биде државна уметност во служба на сѐ уште непостоечка земја.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе