постојано прил.
постојаност ж.

постојано (прил.)

За г.Бешков попрашајте кого сакате во Битола, било тоа од персоналот на тамошните консулства, било од бугарските учители, било од влашките, било од граѓаните или најпосле од Циганчињата со кои има разговарано г.Бешков, постојано одејќи по градот без работа, и сите ќе ви кажат кој е г.Бешков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најголем удар доби Византија од Бугарите, коишто зазедоа од неа голем дел нејзини земји населени со Словени и од нив образуваа една голема и силна држава, која од VIII век до идењето на Турците на Балканскиот Полуостров скоро постојано ѝ нанесуваше еден удар врз друг.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако ги земеме новините од времето на публикувањето на февруарските реформи до и по објавувањето на востанието во Битолско на 20 јули9 и ги прегледаме во нив телеграмите од Стамбул, тогаш ќе видиме оти Портата10 постојано им претставува на рускиот и на австро-унгарскиот амбасадор списоци од битките на турскиот аскер со четите, списоци од најдено оружје при претресите кај населението, списоци од убиства извршени од четите над мирното население.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По добрата вечера и уште подоброто пиење, за кое време Пере постојано ги канеше сватовчините со познатите негови зборови: „Повелете, браќа, како во своја куќа, од своја мака!“ — зетот Крсте ја наду и гајдата од Перета, која секогаш беше готова да проквичи, штом ќе дојдеше некое весело друштво.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Почна секоја недела да се бричи, месечно да се потстрижува, та дури постојано и подвески да носи.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Маловата невеста Тода, други мислеа дека Крсте се оближува околу зелничето, мазничето, питулиците што ги носеа постојано Неда и Стојан и ги делеа со Крстета, трети мислеа трето, четврти — четврто, но никој, па ни самите тие не можеа да објаснат како се спријателија.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Оттогаш Луман постојано преку Бошка порачуваше што да му се носи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тоа не е бледа длабочина и не е подмолен вир Извор е што постојано пени со својот зелен крик.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Високите ѕидови околу бавчата го задржуваат надвор ветерот што постојано дува од езерото. Ништо не се помрднува.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пред очите му играше езерото, како да беше големо, бескрајно платно по кое друг, невидлив сликар постојано поминува со својата четка, му ги менува боите и дава сѐ понови и поубави тонови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одаите стојат постојано послани со тешки скапоцени килими, а гостите се честат со маџун само од трендафили и смокви. Чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За сето време додека разговара со неа тој го чувствува Лукова, постојано гледа кон собата каде што остана тој и се штрецнува на секој шум.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МИЛКА: (Исплашена се покорува и, постојано гледајќи во Фезлиев, повлекувајќи се наназад, не го забележува Младичот. Излегува.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој постојано погледнува во часовникот и нервозно шета по собата. Влегува Фезлиев.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Приклекнуваше, се понадигнуваше и колената, рацете, телото постојано ја менуваа својата положба.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не, тоа останало постојано тука, постојано во некакво милкање околу фатената мечка, во некакво дошепнување со неа, во некаков плач во сите негови движења и врткања околу неа, врзано за неговата стапица многу поцврсто преку млекото и преку крвта, отколку што може да се врзе за секаков синџир, врзано преку сè, што имала уште допрва да му покаже нему за животот неговата мајчица, пред да може да го остави само меѓу тие буки, во тие гори, во таа дождлива есен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во неговата темнина, низ ликот на оној, што го викаше просто Брате, се родија и многу прашања, кои дотогаш во него останувале постојано нерешени, а изгаснати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И за сето време, додека ја посегнуваше својата рака, сега веќе потклекнат, за сето време, додека ја приближуваше својата дланка до онаа кревко, подисплашено срнче притерано до ѕидот, мислеше само на тоа колку му е близок ножот, мачејќи се постојано да го има ножот во својот дофат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со родителите и баба му што постојано го бакнуваа, се збогува како во сон.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој Толе постојано молчеше. Седи на столот, ги скрстил рацете и гледа во шарениот килим.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК