постројка ж.

постројка (ж.)

И опфаќајќи ја потоа со погледот постројката врз која седеше и која беше на завршување, Аргир додаде замислено: - Којзнај кога ќе дојдат пак во овој крај мајстори...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Новата постројка, што ја градеше Аргир во Маџир-маало: реско се врежуваше сред испуканите и изгризени од времето стари куќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Пајдос!... Пајдос!... - се пренесе тих, олеснителен шепот по целата постројка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И навистина, глетката е импресивна: 16 блока со по 30 декари оранжериска површина, 8 котелни постројки, мазутно стопанство, широка патна мрежа и уште многу други објекти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ја одминав црквата и се упатив кон постројките на „Халите“, во кои имаше ретки минувачи, а речиси сѐ беше на затворање.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На скопските градежници им се паднал и најтешкиот дел: реконструкција на некои објекти и изградба на бањите, срцето на новиот комплекс, кој, додека Вангел ни го покажуваше, навистина прилега на постројки на една поголема фабрика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Па како ви е сега, по перестројката, во поглед на цензурата и слично...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)