пост (м.)

ИЛИЈА: Ама на попов му е зборот за во пости, дека сложни калуѓери и сабота и недела мрсат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Божиќни пости — грав, Велигденски — еднаш грав, еднаш јајца; Петреви пости — волна, и на Водици со кумот — сланина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Летото започна рано. Уште на 11 мај веќе беше топло, а на Петрови пости и сам Петровден горештината фати на големо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега само отслужи една обична Златоустова литургија, се назова „Христос воскресе“, се причестија луѓето што ги испостиле седумте недели страшните пости, му дадоа по едно јајце на попот за „божиот дар“ што го примија од него и црквата се пушти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Помина летото и настанаа богородични пости.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А времето веќе се одмакна. Фатија Петрови пости, наближи и Петровден, та и беговите побараа дозвола да се вратат по чифлизите да ја соберат сеидбата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таква е овчарската манџа во постите која ја имаат крстено „свирипиле“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вечерва се Проштени поклади, вели, почнуваат Големи пости и не ве пуштам така. И ние тргнуваме по Григора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И само збираш зер во срцето, го полниш. Веќе не знаеме кога се пости, кога - мрсници, оти мрсно нема и за болаче. Доилките немаат млеко и ги одбиваат децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некои, кои не држеа многу до постот, скршнуваа во водата и јајца, за секого од домаќинството по едно.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во време на божиќни пости, во студените и куси доцнадекемвриски вечери, кога врапците, навечер, ќе се сплотеа во копите и под стреите, домаќинствата тргнуваа да ги ловат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Домаќинствата си имаа свои со ништо необележани но откако помнеа неотуѓиви кримилишта, кои, пак, во лето, во време на богоројчини пости, имаа друга намена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И јадат како да им е прво јадење, велам, како по долги пости.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
1. Си идеме од црква, од причесна. Вјасаме, речиси трчаме: по седум недели Велики пости, прв пат ќе се омрсиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Друга можност е субјектот, како постечкиот Уметник, да ја напушти потрагата по вистинскиот објект и да пронајде специјално уживање токму во тој недостиг - во пост, на пример.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Штом некоја шема не функционира, направете едно чистење во својот духовен живот, како што напролет со постите правиме чистење на своето тело од сѐ што се напластило како негативно во нашиот организам, во нашиот ум и во нашата душа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Паднав на коленици пред него и реков: „Оче блажени, Филозофе златоуст; колената ми се слаби не од пост, туку од грев, чија причина беа властољубието и гордоста на отец Стефан Писмородецот; во друштво на единаесет, со мене дванаесет арамии ноќни, на разбојници друмски скриени под светата риза се најдов, не по своја волја и јас, оти душата слаба ми била за подвизи небесни, а силна за падови; само затоа што полесно е удолу да одиш а потешко да се искачуваш кон височините Негови, јас паднав; паднав во бездна...“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Бело гравче со пиперки - така е адетот, уште денес големи пости“ - покани баба Мирјана, „а утре - велигденска трпеза!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе