потоне св.

потоне (св.)

Тогаш Анѓеле што ќе прави на тоа парче земја, оттаму како ќе се врати ако не го примат?! (Потонува во мисли).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А Мече – да потоне в земја. – Јас ... ако може ... – се збуни тој – а ако не, не можам да останам.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога Бојана ја тешеше и ја куражеше Доста, им се приближи и Доста Макрева и трите мајки се одделија сосема настрана и потонаа во родителски — мајчински — разговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Настапи тишина од која на човека му се присторува дека ќе потоне којзнае во каква бездна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И пак сѐ потона во тишина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Водата сосема бавно се премрежи и пак се потона во камено смирување.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Па со поглед што блика и зрачи, потонувам до дно во модрината, и кликнувам пак на убавината: Прострелај ме со своите лачи!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Очите му станаа потемни, зениците со стопија и потонаа во минатото, во некој далечен ден длабок закоренет во него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А кога тој ветрец ќе умре, ноќниот небесен жнеец сиот претворен во седефен срп, силен и напнат од нагон во 'рбетот, ќе се заплетка во влажните коси на врбите, ќе ги испие од белата кора сите сокови и лудо опиен ќе потоне во првиот вир. Тој, жнејачот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Брате Јоване, јас сум една од оние бубачки што со своите многу очи гледаат десетици слики одеднаш - и се виде самиот себе во гумени чизми до појас, таму, на едно мочуриште, меѓу трски и меѓу селани, потонат в густо и зелено крекање на илјадници невидливи жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
О, да може да потоне сосе чун на езерското дно и никогаш да не излезе оттаму.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Крстан го гледаше со раширени очи и потона во тешки мисли.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А малите лукави очи потонати во сало, ајдучки демнеа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мракот го потонува во својата бездна и него исето околу него.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Потонува во неговата прегратка, најпосле, по сето грчевито барање.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Светлината почнува да се намалува. Пустелијата поцрнува и потонува во мракот од каде што изрони.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Арсо се довлечка до аголот и таму потона во темнината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таму е создадено мочуриште и потонуваат луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И го зафати неперодолива желба пак да потоне таму каде што е сосема инакво и убаво да се биде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше само еден миг, во кој беше сѐ загубено, наеднаш чиниш беше замрзнато, а Језекил можеше добро да го види она, што го имаше момчето во своите очи; беше еден толку кус миг, само колку тоа скочането момче да може да погледне во Језекила, но старецот можеше многу добро и во истиот миг да го препознае во тој поглед она, што го измачуваше самиот него целото тоа лето, и само додека зина да му свика на тоа момче, речиси со бела коса од сонцето, да ја пушти копанката, момчето се отпушти од талпата и потона надолу; провалијата меѓу ѕидот и скелињата просто го проголтна неговото тело и го понесе низ оној тесен процеп меѓу скелињата и ѕидовите, што се стрмоглавуваше сѐ до подножието на зданието, а по него и неговата полна копанка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе