потпир (м.)

Судијата, жолто човеченце со необични очила од многубојно стакло, станува од својот стол со неверојатно висок потпир.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Бремето го повлече кон грубата калдрма и тој, не ширејќи ги рацете и не барајќи со нив потпир во воздухот, невешто, скоро театрално падна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Водите кога течат, песокот тешко им се противставува.“ „Сеедно“ , се одвои од потпирот на столот Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Умирајќи без потпир под нозете, ни исплашен ни зачуден од настаните, без причина сонил гроздобер и црвени коњски поила.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На неколку чекори од неистинатиот Јане Крстин друг, Пеце Дановски, удрил со крваво чело во камен и останал неподвижен; бил до тој миг незабележлив, малостав, помирен со сѐ што се случувало и што ќе се случува низ векови; сега сите што биле близу до него виделе дека само со тапите прсти минува по земјата - умира и сепак бара потпир да се исправи, да го побара убиецот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стврднатите нозе беспомошно барале потпир, почва по која ќе ѝ се избега на болката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нешто озгора ме слабее. Зад очите веќе немам потпир.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ми дојде згодно барем и да пресечам едно од дапчињата таму за потпир на штиците при шелувањето околу гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)