потрошен прид.

потрошен (прид.)

Го погледна татка ми в очи со сета милина на чувствата, на мислите, но и со сенка на загриженост, еден ден да не затреба последниот потрошен златник.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Проблемот што да се прави со вишокот потрошни добра беше латентен во индустриското општество уште од крајот на деветнаесеттиот век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во центрите на цивилизацијата војната не значи ништо повеќе од постојан недостиг на потрошни добра и од повременото треснување на некоја ракетна бомба која може да однесе неколку десетици животи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа го јаде вишокот на потрошни стоки и помага да се сочува специјалната ментална атмосфера што му е потребна на хиерархиското општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, да се разбереме, мора при тоа да се размислува за две работи: потрошената вода за новите патеки да не ја намали количината на водата во хидроцентралите, за да не чини производството на струја поскапо, отколку трошоците.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но не одеше лесно. Луѓето се правдаа со немањето пари за водомери, а всушност, се плашеа од можна наплата на потрошената вода во иднина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не можеше да претпостави дали во него има уште живот или животот му беше веќе потрошен.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Барам начин да ми се валоризира трудот потрошен за совладување на медицинската наука! Сега на ред се реформите за Здравството!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На закажаната средба со идната љубена отиде со потрошена залиха на солзи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И затоа нештата не се движеа нанапред, а јас и продавачот Чавка гракавме навредливо, упорно и гласно, сѐ додека не нè облеа краткотрајна смеа во која се наѕираа остатоци од некоја голема и одамна потрошена среќа...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Да му го плати на чизмарот стариот долг за ставање нови главички кон старите голеници, па требаше да се нарачаат кај шивачката три нови кошули, па едно две рала долни алишта, кои е непристојно да се спомнуваат во печатен текст,  со еден збор, сите пари мораа да бидат потрошени докрај; и кога директорот би бил толку милосрден, па наместо четириесетте рубли награда да определи четириесет и пет или педесет, и тогаш ќе остане само дребулија, која во шинелскиот капитал ќе биде само капка в море.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа е мртов период за мене. Залудно потрошен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Покажете го вашиот валкан образ и погледнете не право во очи...ако тоа го можете вие со скинати пранги на вашиот потрошен ум, ве има многу...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се чувствуваше како во луда трка по туѓите заемки кои се криеја во редовите на страницата на книгата, на моменти се чувствувал како со перото меч ја разбива пајажината во која се криеја старите зборови, со веќе потрошено значење, според многумина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи