потстави св.

потстави (св.)

Женската е посветло сива и со должина на целото тело стегната е до ѕидот, а машката, потемно сива, ѝ се качила одзади, оваа, одоважната нога, убаво ѝ ја потставила во ципата од колкот, ама не може да ѝ ја префрли другата десната.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Никогаш не сум рекол дека филозофијата е литературен жанр, како што ми потставаат одредени луѓе.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)