пошегува св.

пошегува (св.)

Бошко почна да го полни своето луле и се обиде да се пошегува: - Го криеш ли уште тутунот?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Онаква каква навистина ќе беше мојата ќерка ако не ја подгониле во некој логор, меѓу жици и пци. Ми доаѓа да се пошегувам сурово.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И така направија. Продадоа што имаше за продавање уште со растоварањето и младиот Митре ги подобра магарињата пред стап: – Ке ги појам вода – му рече на еден минувач што се пошегува и го праша каде ќе ги тера толку магариња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Немаше ништо навредливо во тоа што се пошегува себе си дека подивеал.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Така е тоа, кога човек се занимава „со трговија“ - се пошегува Доне.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Беше за време на ручек и некој ѓаволски се пошегува со тоа како татенцето го шмукаше расолот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ми доаѓа да се пошегувам сурово.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ама кога се вцрвев, тој се пошегува: „Е, де, зошто се срамиш!?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бидејќи Господ се пошегувал со нас фрлајќи ни го Моцарт во вид на вулгарно суштество, кое не го носи ни знакот на милоста божја.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нејзиниот чај често и опива! - се обидов да се пошегувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ама ние не пиеме вода. Што ќе правиме сега? - Ние не трпиме вода ни во чевли - почна да попушта домаќинот, готов и да се пошегува.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дојденецот ни се прикажа како весел човек кој сака да се пошегува најнапред со себеси а потоа и со другите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Да! Сега ти пречи, а кога спиеше, а повеќе кога не спиеше на тој кревет, не ти пречеше, - се пошегува Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Значи сакате да ме носите до дома? - Рада се пошегува, иако знаеше на што мисли Долгиот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)