правосудство ср.

правосудство (ср.)

— Кој не слуша ќе го мрси вртомчето или ќе го крка дреновакот — беше неговото разбирање за правосудието.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Злосторник - Бич на божественото Корист - Идол, му се жртуваат сите правосудство. богатства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во изборот на судиите, не можеше да се заобиколи и улогата на Министерството за правосудство, но, сепак, конечната одлука ја донесуваше Партијата која имаше своја ќелија во Судот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со тоа требало да се докаже дека властите дејствуваат решително и строго против револуционерите, но во исто време на Европа, којашто постојано вршела притисок за спроведување на реформи во Македонија, да ѝ се даде на знаење дека турското правосудство не се разликува многу по својата „демократска“ постапка од европските судови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Властите, барем во Солун, сакајќи да покажат пред надворешниот свет дека правосудството во Турција не било така „црно“ како што се мислело, прогласиле извесна јавност во судењето на гемиџиите и на другите процеси.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кај казнивите дела против правосудството постои и делото „Поднесување лажни докази“ според кое тој што во постапка пред суд или во управна постапка ќе поднесе докази за кои знае дека се лажни, ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Потоа во ст. 3 од чл. 3 на Законот изречно се забранува дискриминацијата, како и вознемирувањето и сексуалното вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, науката и спортот, социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствената заштита, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, информатичко-комуникациските технологии, одбраната и безбедноста, членувањето и дејствувањето во синдикални организации, политички партии, здруженија на граѓани и фондации, други организации засновани на членство, културата и други области определени со овој или со друг закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)