прав (м.)

Па син му на Абдула, Елеас, кој - да не чуете лага - в натпревар кога ќе збесни ластовичка беше, без малку да остави трага, в правта под нозете лесни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Камионите профучуваа покрај двајцата бегалци и ги засипаа со облаци прав.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се заниша но не се здодржа на нозе; замавта со раце и седна пред мене во правта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Да, на камен се збуни Кузман, стана од земја и ги истресе сините ногавици извалкани од прав. - Таков е животот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На средниот багрем во лисјата белузлави од прав, неколку врапчиња пролетуваа од гранка на гранка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Јатрвите се измија уште еднаш, Митра од брашното, Доста од правот и саѓите, и се приготвија за појадок.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кокошките на патот рипаа од место кревајќи облаци прав, а зачудените луѓе зад нив, уплашени, погледнуваа по улицата нагор чиниш да видата дали арамијата сега по нив не влегува в село.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одеднаш ветерот дувна посилно, го отвори капакот од прозорецот, го тресна од ѕидот, и ветерот, влегувајќи во одајата, крена прав од огништето, го разбушави пламенот од борината, го остави малку да се исправи и потем надојде посилен и го угасна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се меневме. Неделните излети ги заборавивме, а ти не гледаше дека градот ме оковува во прав и чемер. И здодевност.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Роденден. А умирав со илјада смрти. Во моите коски како бели глувчиња лазат ветришта, го слушаат дахот на мојот прав, прашуваат што е тоа да бидеш покоен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Имам впечаток дека е таа наполнета со олово - се ниша, тежи и се заканува да падне в прав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во преситениот со прав воздух се заби и одекна остер метален звук.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се оддалечува еден од друг, стануваа потуѓи, зашто од кртоста на овие зборови зачуденоста на првиот стана исто таква кртост, стара, некогашна кртост, за миг само премрежена под правта на тешката градна болест и канцелариите со млак воздух.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се чувствуваше слаб. Од коските во неговите нозе како да остана само прав. „Ајде“, му рекоа „И биди мирен. Те чека нашиот шеф.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не го чувствува остриот мирис на згниени дуњи, ни дебело напластениот прав по расфрланите кошници, куфери, вази, книжни цвеќа, порцелански чаши за пиво, распукан будилник, картонени кутии, скршен глобус, парчосани географски карти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По патот газеше некој во правта со боси нозе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И тој ќе умреше без да дигне и најмалку прав.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Чесно да се расудува, Едип е ништо пред него, прав што ветерот може да го однесе, а еве, го туриле него на царско тезге.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе