праг (м.)

Во пролетна вечер задумано почива една жена, седејќи на прагот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Уште малку гората ќе зајачи, ќе затрепери градот… Слободата е на прагот!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
По студ, по мраз -туѓи прагови миеле само Костадина да го изгледаат.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
МАРА: Кинисувај, само со десната нога!... (Анѓеле кинисува, а Мара му фрла пченица преку главата и така излегуваат; при преминувањето преку прагот Анѓеле ја турнува стомната со вода, која се истурува, а која од порано е наместена.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: (зема стомна со вода и ја става на прагот).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
3. Наквечер дојди, наквечер, наквечер - в прва темница, мини го прагот раскапан влези во трошна одаја, на миндер седни накривен со каракамен на гради: каде е, каде радоста каде е куќа весела?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Води ме, ајде, ти пат мој прашен, запази спомен од мојот траг, додека живот – поројот страшен – ме врати на роден праг.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Бегови, аги крвни си мразел и секој феуд - народен враг, в Република земја сакаше да видиш, - в слобода грејнат татков праг!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Мислиш не знам зошто тие го пречекоруваат твојот праг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лели со десната нога треба да го пречекора прагот? Ете вака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Излегувајќи за последен пат од дуќанот на својот светијован плукна на прагот и се заколна да не стапне веќе во него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бошко не претчувствуваше ништо добро, но си рече: „Ако лошото ти дошло на прагот, отвори му ја вратата за да не биде полошо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така да знаеш... За арамијата, за Лумана. Ми го фати прагот кучето...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
ΙΙ Ноќта е заборав, заборавот успивање, кога сите мисли на праг ги оставаме.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Од праг на напуштен, недоизграден дом, љубопитно ја гледа шашливо момче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Може не е за верување: поп-Паун го затворил в котле и го закопал под црковниот праг. А прагот тежок.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Бабата се насмевнува: ќе може и овде на прагот на напуштенава куќа, а можеби и в село ќе се најдат добри луѓе гостопримци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И еднаш најде зад прагот модро плико на кое со молив китнесто беше извезено неговото име.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе