прасе ср.
прасец м.

прасе (ср.)

– „Ах, јас сиромав, си рекол сам со себе, дали така ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
АРСО: Е, така е. Туку кај кумот ќе имаме и појако вино, и сѐ поубаво: и пилиња, и јагниња, и прасиња.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Дај го, баба Цонке, кумашинчето да го видиме. (Го зема.) Машала, машала, угоено е да не е урок, прасенце! (Ѝ го враќа и ѝ дава знак да му го даде на Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Тоа така се вели зборот само, инаку чорбаџиите ги јадат пилињата и прасињата, а сиромасите — опинците.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Месото кај нас за Божик кога ќе заколиме прасе па додека го изедеме...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А со своето нивче друго е: ќе копнеш, ќе подзасадиш, пченката ќе ја рониш, некое прасенце ќе храниш...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А пред Божик прасето не се рани, ами сака ошче од Гурѓевден, та за Божиќ да направи месо. И јас така.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во такви куќи горни крај живеат луѓето, долни крај — добиците: воловите, коњите, маските, магарињата, та понекогаш прасињата прескокнуваат и горни крај и спијат во една постела со децата, да им биде потопло и на едните и на другите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го поканија нункото и попот, а Илко го закла и прасето и сега сето тоа требаше да се спреми.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нешто како був низ соба им лета, покривот над глава им го крши, прасињата во свињарникот им ги дави.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Липаа потајно сите, плакаа и околу полноќ испозаспаа врз подот како прасиња еднододруго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сето бело едно прасе, со кадрави руси коси, чадор носи - врз чадорот песок роси...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
15. МУ СЕ ЗДАЛО НА ПРАСЕТО ДА ПОГЛЕДНЕ В НЕБЕ - тоа в корито, божем в колевка, на грб штом го свртат со врела вода поливајќи го за полесно да се гребе белата кожа каде што скарата шарата ќе си ја црта...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Разбра сѐ што стана во дните по нападот, но не го сожали Мисирлијата, попот, даскалот и другите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кажаа дека идат некое прасе да купат, а вешто ги криеја пушките под долгите сакми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност, ја поткреваа некои попови прасиња и кртици, некои притаени семиња и повратени треви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И вреска, ко кутнато прасенце. ־ Оф, мајко, оф леле, мајче мила, вика, кај си мори мајчице?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Претоварени со грозје, леб печени прасиња, кокошки, патки... Купишта месо и леб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Повеќе