прашален прид.

прашален (прид.)

Србин прашално го погледна. Братучедот изгледаше како преплашен.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Зошто го велиш сево ова?“ се наднесе докторот прашално.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Луѓето поминуваат и заминуваат по своите работи, ме поздравуваат, но не се радуваат, имаат прашален изглед, како нешто во врска со мене да не им е јасно: Што барам јас овде, не сум ни шумар, ни ветеринар!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се опулив прашално во Жабета. Што му е на човеков?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Долгиот прашален поглед на Сликарот откри уште две чуда, што првиот пат не ги беше забележал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го исвиркаа”.  Чекаше реакција од мене и откако место неа доби само прашален поглед, се дополни:  „Тоа не би му се случило на претседателот на вашата држава”. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ова се случува во светот на апсурдот, толку сугестивно предочен во познатиот сизифовски универзум на Албер Ками, кога со прашален поглед кон небото го бара одговорот за трагичниот апсурд, но од небето нема одговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја гледате со прашален поглед, а таа ви вели дека јадела баклава.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Засега не ми остануваше друго, но налудничаво да чкрткам по прашални крстозбори од стари списанија, во надеж дека ако машки се потрудам, бесплатно ќе го добијам најновиот број...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ова не беше обичен плач, во него како да имаше порака и прашално зошто. Зошто? Зошто?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да изодиме пред сонцето да припече, Ѕвездо моја, Да се качиш на магарето? - се сврте домаќинот Петре и прашално ја погледна истоштената домаќинка.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК