прашок м.

прашок (м.)

Го лекувале, прашоци во забот му дувале, на грб го легнувале и самите се превртувале.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Кожите се чуваат во фрижидер неколку дена додека не станат ронливи, а потоа се прави прашок кој се пуши.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак, во седумдесеттите повторно се појавила во форма на течност, кристален прашок и пилули.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Совет: немојте да користите интравенозен начин на употреба, но ако веќе сте решиле, немојте да користите веќе употребувани игли, поради ризик од сида. ПЦП Форма: ПЦП се наоѓа во облик на таблети, прашок и течност. 136 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Отсекогаш можел да го дрибла подметнувајќи му прашок под нос или кажувајќи му два-три слатки збора полни со патетичен ресентиман.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа ќе ги забележите стаклените шкафови што содржат импресивна колекција на прибор за пушење и предмети во врска со дрога, од разни цевчиња до шампон од марихуана, „liquid XTC“ и смарт друг прашоци, плус две големи кутии со кондоми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Други двајца носат капсули со прашок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Значи, таа вечер кога Нанчо ја фати вошката на моето рамо, ми рече Ти фатив една овца! па сметајќи дека не го разбирам што ми кажува, дообјасни Вошка ти се шеташе на рамото, дојди ќе ти дадам прашок! јас не мислев на вошката туку на тоа дека седам во првата клупа и дека ако таа може и по темница да се види, тогаш во светлата училница секако и од далеку може да се забележи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Навистина појдов до кај него, го зедов прашокот, сиот се избрашнав, ги избрашнав и алиштата што ги облеков, а соблечените ги испопарив во легенот со жешката вода од котелот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Само отров на куќниот праг ситен прашок компирова златица зрнца солна киселина, пипс и питроид: само безброј залудни барикади затворени прозорци јарко сонце: само споменот на Елизабета и египетско-римската сценографија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сакајќи да ја одбегнам рекламата за прашок за перење, ја прашав дебелата тетка: „И, што велат вестите?“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Кети ги испрскала модрите патлиџани со многу инсектициди за да ги заштити од бубачки, но поради големото количество прашок тие беа збрчкани, како корењата да им беа изгризени од штетници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А, ме опкружуваа кутии од зејтин, прашок за перење, стоби-флипс смоки и чипс, сапуни и празни цедеа подеднакво прекрасни како и оние кои веќе го најдоа своето место во ходникот - складилиште.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Гледаш, немате ни прашок за перење, ни масло, ни млеко да купите. Струјата ви ја кратат. Дојдете!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)