првенец м.

првенец (м.)

Меѓу првенците стекнува почит и име на човек прибран.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Првенецот на „Бетон“ - тоа е една осумкатница, која се наоѓа во квартот Сахсзенхаузен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Битолскиот Грчки владика Партение беше начул за скарувањето Максимово со битолските и прилепските првенци, како и околу што било скарувањето, па скротил план како да го добие Максима за себе за од него да добие согаласност тој да ги освети општината и училиштето и така да ги направи грчки, па почна во Потковицата да испраќа свои луѓе, некои битолски трговци гркомани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На закопот дојдоа мајка му и татко му од Солун, делениците од Битола, делениците и сватоштините од Прилеп и некои прилепски првенци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Биди му за пиење на Господа, првенецот што бдее ноќе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веднаш му кажав, всушност се пофалив, дека сум нашол интересен документ, спомените на еден од маказарските првенци од минатиот век.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Зарем не постоел првенецот Никола Поцо?“ „Постоел, како не постоел“, рече тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во салата каде што требало да говори биле собрани само видните граѓани и градските првенци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Зарем светот не е таков создаден од Бога? Зарем Книгата не е полна со важни личности и со безименото мноштво, со првенци и со оние другите, останатите, безименото множество, со патријарсите и со нивното масовно човечко стадо, дури и во самиот состав на избраниот народ...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прекрасни слики - сончогледи, ниви, сонца, ликови, портрети, а тие го запишале во престижното училиште „Коце Металец“ и тој завршил со највисок успех и бил прогласен за првенец на генерацијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК