првенец м.

првенец (м.)

Меѓу првенците стекнува почит и име на човек прибран.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Првенецот на „Бетон“ - тоа е една осумкатница, која се наоѓа во квартот Сахсзенхаузен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Уште додека беше на прагот направи поклон, првин спрема Мустафа ефенди, потоа и спрема прилепските првенци, а кога се исправи, божем силно израдуван што се измирува со нив, лисецот ги прекрсти потковичаните, како да му се верни и вековни парохијани, и изјави дека знае зошто е повикан, дека му се радува на измирувањето, но и дека има нешто да придодаде во врска со измирувањето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На закопот дојдоа мајка му и татко му од Солун, делениците од Битола, делениците и сватоштините од Прилеп и некои прилепски првенци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Биди му за пиење на Господа, првенецот што бдее ноќе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Зарем не постоел првенецот Никола Поцо?“ „Постоел, како не постоел“, рече тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веднаш му кажав, всушност се пофалив, дека сум нашол интересен документ, спомените на еден од маказарските првенци од минатиот век.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во салата каде што требало да говори биле собрани само видните граѓани и градските првенци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Занаетот што го наследи Марко им носеше доста корист како на градските турски првенци, така и нему, на комесарот, кому градот, иако беше под скопскиот санџак, му беше даден на управување со уште двеста негови луѓе, ама и под закуп за 70 товари аспри.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе поминуваш низ чаршијата пред богати занаетчии и градски првенци, и сите ќе те пречекуваат со аферим' ибн Бајко“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зарем светот не е таков создаден од Бога? Зарем Книгата не е полна со важни личности и со безименото мноштво, со првенци и со оние другите, останатите, безименото множество, со патријарсите и со нивното масовно човечко стадо, дури и во самиот состав на избраниот народ...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прекрасни слики - сончогледи, ниви, сонца, ликови, портрети, а тие го запишале во престижното училиште „Коце Металец“ и тој завршил со највисок успех и бил прогласен за првенец на генерацијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)