превари св.
превара ж.

превари (св.)

СТОЈАНКА: Може да испревари некој друг. Кој превари, тој товари.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Затоа ние да и превариме и да и пропукаме ваа вечер та да не му текне ошче еднаш да се појават.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако те превари некој корен да зацрвени, везден ќе се туфкаш: леле, леле, што ме најде, ми скапаа патлиџаните!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И штом ќе ја кренат коњите опашката тие се стрчнуваат, со подлетнување, и од изметот ја колваат зопта. Кој ќе биде побрз тој ќе превари.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш, некаде пред разденување, малку беше сум се подзанесла, ме преварил сонот. Беше сум задремала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме превари: — Овдека и јас не сум сигурен, ми вели, што сте барале овдека? — Неволјата своја, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се плашам да не ме превари ноќта, на полпат да ме раздени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите се плашат да не ги забели денот, да не ги превари сонцето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК