превоспита св.

превоспита (св.)

БОРИС: Ќе го превоспитам. (Пауза) Има време да се почне од почеток. (Пауза) Да живееме заедно. (Пауза) Да го измениме животот од корен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А мојот адвокат, го прекина: Ве молам, овдека не сме во дом за превослитување на малолетници, овдека сме во суд... Се бараат факти, докази...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ги собираат децата и ги водат на островите на превоспитување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првин ќе биде тешко преку ноќ да се превоспитаат овие козари, козите нема никогаш да исчезнат од нивното сеќавање, но, на крајот сигурно ќе ја разберат вистината за комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Организацијата нека го превоспитува народот, нека го организира, вооружува и подготвува за востание.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Стрвоста и поривите ќе ни ги припитомат и превоспитаат: на туѓи имиња ќе се одѕиваме како на свои.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)